AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Контроверзи околу Предлог-законот за Скопје Европска престолнина на културата 2028

Лого за Скопје 2028 Европска престолнина на културата

Контроверзи околу Предлог-законот за Скопје Европска престолнина на културата 2028

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
July 29, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Предлог-законот за спроведување на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“, поднесен во Собранието на Северна Македонија, предизвика остри реакции меѓу граѓанските организации и опозицијата поради исклучувањето на идната Фондација од Законот за јавни набавки при трошењето на милионски средства.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата побара од Собранието на Северна Македонија итно стопирање на донесувањето на Предлог-Законот по скратена постапка.

Според Платформата, идната Фондација „Европска престолнина на културата – Скопје 2028 година“, која ќе биде основана од Град Скопје и финансирана со буџетски средства и пари од Европската Унија, мора да има статус на договорен орган кој ги применува одредбите од Законот за јавните набавки. Организациите предупредуваат дека целосното исклучување од општиот систем на јавни набавки – вклучително и за стандардни стоки, опрема и градежни работи – воспоставува опасен преседан и високи ризици од корупција. Исто така, беше упатен повик до Државната комисија за спречување на корупцијата да излезе со мислење по ова прашање.

За реализација на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата 2028 година“ предвидени се 21 милион евра, при што над 95 отсто од средствата доаѓаат од државниот буџет и буџетот на Град Скопје, додека 500.000 евра се обезбедени од фондовите на Европската Унија.

Постапките за набавки треба да ги спроведува новоформираната Фондација, раководена од директорот Марјан Цветковски, кој беше именуван од градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Предлог-законот предвидува набавките да се изведуваат согласно со интерни упатства донесени од Одборот на Фондацијата, формирање посебна Комисија за набавки и одлучување по приговори од страна на истиот Одбор, што отвара прашања за концентрација на управувачките и контролните овластувања во рамките на истата структура без независна жалбена заштита.

Политичката партија Левица изнесе јавни критики дека со предложеното законско решение градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директоретот Марјан Цветковски го претвораат проектот во приватен потфат.

Од Левица посочија на нејасната правна основа за именувањето на директорот пред официјалното донесување на законот и конституирањето на органите на управување. Исто така, беа изразени сомнежи во врска со можноста за користење и инвестирање во приватен имот со јавни средства, како и отсуството на надзорни ингеренции од страна на Советот на Град Скопје. Партијата потенцираше дека ваков сериозен проект се турка по скратена постапка, без широка јавна дебата и антикорупциска проценка на регулативата.

Според текстот на предложениот закон, иако Советот на Град Скопје ја основа Фондацијата, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски ги именува и разрешува членовите на Управниот и Надзорниот одбор, при што не се пропишани минимални критериуми, стандарди или транспарентна постапка за избор на раководните кадри. Критичарите напоменуваат дека објавувањето на договорите и последователните ревизии не можат целосно да ја заменат пазарната конкуренција и претходно утврдените законски контроли што ги гарантира Законот за јавните набавки.

По завршувањето на проектот, предвидено е основање на јавна установа за културен развој и наследство како правен наследник на Фондацијата, што отвора дилема зошто целата организација не е поставена низ воспоставените институционални механизми уште од самиот почеток.

Tags: град СкопјеЕвропска престолнина на културатаМарјан ЦветковскиСкопје 2028
SummarizeShare234

Related Stories

Проодни се сите патишта во државата со отежнати зимски услови

Проодни се сите патишта во државата со отежнати зимски услови

by ДЕСК коректив.мк
November 29, 2026
0

Во саботата и неделата низ Македонија започнаа снежни врнежи кои зафатија делови од земјата, особено повисоките планински предели. Сите државни и регионални патни правци се проодни, а дежурните...

Кривична пријава против 11 лица и приватна болница за двојна наплата на операции на очи, оштетени 4.000 пациенти

Нови правила за боледување од 1 декември: поголема улога на матичните лекари

by ДЕСК коректив.мк
November 28, 2026
0

Од 1 декември во Македонија почнува да се применува новиот Правилник за утврдување привремена спреченост за работа, објавен во Службен весник од Фондот за здравствено осигурување. Измените воведуваат...

СДСМ бара домашното обвинителство да отвори истрага за унгарскиот кредит

СДСМ бара итна седница на Собранието поради насилствата врз жените

by ДЕСК коректив.мк
November 28, 2026
0

Пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика итна седница за постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените...

По две и пол години реакции, Владата ги задолжи институциите да го решаваат проблемот со кравите во Крива Паланка

Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор, Идризово и Прилеп ќе ги згрижуваат во првата фаза

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Добитокот кој со месеци предизвикува проблеми во Крива Паланка наскоро ќе добие ново сместување, и тоа во казнено-поправните домови во Идризово и Прилеп. Ова е предвидено со акцискиот...

Next Post
Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.