AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Две години затвор за ексдиректорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски за тендерот со „Рудкоп“

Две години затвор за ексдиректорот на РЕК „Битола“ Пеце Матевски за тендерот со „Рудкоп“

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 12, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Поранешниот директор на РЕК „Битола“, Пеце Матевски, е осуден на две години затвор за злоупотреба на службената положба и овластување во постапката за избор на фирмата „Рудкоп“ Битола за ископ на јаловина во 2022 и 2023 година. Условни казни добија и тројца членови на Стручната комисија, додека тројца членови на Комисијата за јавни набавки се ослободени од обвинението, пренесува „Независен“.

Пресудата ја донесе судијата Горан Димовски од Основниот суд Битола. Случајот се однесува на постапката во која РЕК „Битола“ ја избрала фирмата „Рудкоп“, а ја елиминирала компанијата „Гранит“ Скопје од тендерот за ископ на јаловина.

Покрај Матевски, осудени се и Димитар Петковски, Благојче Ѓорѓиевски и Тони Ангелевски, членови на Стручната комисија. Ним им е изречена условна осуда со утврдена казна затвор од една година, која нема да се изврши доколку во рок од две години од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.

Според образложението на судот, обвинетите прибавиле корист за „Рудкоп“ преку разликата во понудените цени, откако понудата на „Гранит“ била отфрлена и компанијата не учествувала на електронската аукција. Со тоа, според судот, на РЕК „Битола“ ѝ била предизвикана штета од 178.370.319 денари.

Ослободителни пресуди добија Снежана Макаријоска, Анита Кузевска и Љупчо Стефановски, членови на Комисијата за јавни набавки, бидејќи обвинителството не докажало дека го сториле кривичното дело што им се ставаше на товар.

Условни осуди добија и Александра Маџевска-Сараќинчева, Аземина Учкан и Добрила Јордановска, вработени во Бирото за јавни набавки во Скопје. На нив им се утврдени казни затвор од осум месеци, кои нема да се извршат доколку во рок од една и пол година од правосилноста на пресудата не сторат ново кривично дело.

Судот го упати оштетеното правно лице, АД ЕСМ, имотно-правното побарување да го оствари во граѓанска постапка.

Во однос на 3,5 милиони евра на сметките на „Рудкоп“, сопственост на бизнисменот Кирил Билјановски, кои беа замрзнати во текот на постапката, судот одлучи времената мерка да остане во сила до правосилното завршување на кривичната постапка, освен ако не настанат околности што би наложиле нејзина измена.

Обвинението го застапуваше обвинителката Оливера Нечаковска од Основното јавно обвинителство Битола.

SummarizeShare234

Related Stories

Кривична пријава против 11 лица и приватна болница за двојна наплата на операции на очи, оштетени 4.000 пациенти

Нови правила за боледување од 1 декември: поголема улога на матичните лекари

by ДЕСК коректив.мк
November 28, 2026
0

Од 1 декември во Македонија почнува да се применува новиот Правилник за утврдување привремена спреченост за работа, објавен во Службен весник од Фондот за здравствено осигурување. Измените воведуваат...

СДСМ бара домашното обвинителство да отвори истрага за унгарскиот кредит

СДСМ бара итна седница на Собранието поради насилствата врз жените

by ДЕСК коректив.мк
November 28, 2026
0

Пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика итна седница за постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените...

По две и пол години реакции, Владата ги задолжи институциите да го решаваат проблемот со кравите во Крива Паланка

Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор, Идризово и Прилеп ќе ги згрижуваат во првата фаза

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Добитокот кој со месеци предизвикува проблеми во Крива Паланка наскоро ќе добие ново сместување, и тоа во казнено-поправните домови во Идризово и Прилеп. Ова е предвидено со акцискиот...

Најранливите негодуваат за сѐ почестото доцнење на исплатата на социјална помош

Брзите кредити ќе се исплаќаат само преку трансакциски сметки, се укинува плаќањето во готовина

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Граѓаните повеќе нема да можат да подигнуваат или да враќаат пари во готовина во финансиските друштва. Со новиот Закон за финансиски друштва се предвидува сите уплати и исплати...

Next Post
Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.