Голем пожар избувнал рано утрово во скопската населба Шуто Оризари, при што биле зафатени и изгореле повеќе објекти, меѓу кои дуќани и угостителски локали.
Според првичните информации, огнот брзо се проширил, создавајќи густ црн чад кој бил видлив од поголем дел од северниот дел на Скопје. На терен интервенирале противпожарни екипи, кои се обидувале да го стават пожарот под контрола и да спречат негово понатамошно ширење.
Во периодот од 03:31 до 06:45 часот, 15 пожарникари и шест противпожарни возила го гаснеле запалениот трговски дуќан на ул. Индира б.б. во општина Шуто Оризари.
Засега нема информации за евентуално повредени лица, а точната материјална штета дополнително ќе се утврдува. Не се утврдени причините поради кои избувнал пожарот.
Станува збор за уште еден сериозен пожар во скопскиот регион во последниот период.










