Домаќинствата во Обединетото Кралство, во просек, ќе претрпат финансиски удар од 2.400 фунти (околу 2.800 евра) до крајот на 2027 година поради војната со Иран, покажува нова анализа.
Центарот за економски и деловни истражувања (CEBR) пресмета дека зголемената инфлација од почетокот на војната во Иран и послабиот раст на платите ќе го намалат реалниот приход на просечното британско домаќинство за 1.100 фунти (околу 1.284 евра) во 2026 година, а за дополнителни 1.300 фунти (околу 1.517 евра) во 2027 година, објавува „Гардијан“.
Ова изнесува вкупно 70,4 милијарди фунти (82,2 милијарди евра) што CEBR проценува дека ќе бидат избришани од реалниот расположлив приход на британските домаќинства поради конфликтот на Блискиот Исток, вели економската консултантска куќа.
Економскиот шок предизвикан од затворањето на Ормутскиот теснец ги погодува британските домаќинства преку два канали.










