AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
„Сам одлучив“ – обвинетиот за палењето на бугарските возила призна вина

Фото: Принтскрин, БГНЕС

Укинат притворот на потпалувачот на дипломатските возила: Призна вина, има малолетно дете и бил коректен пред судот

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 18, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Судот му го укина притворот на Игор Дашковски Стојановски, кој призна вина за палењето на двете дипломатски возила пред бугарската амбасада, па правосилноста на пресудата ќе ја чека на слобода.

Во образложението на одлуката, Судот наведува дека Стојановски досега издржал околу половина од изречената казна затвор од осум месеци, поради што смета дека опасноста од бегство е значително намалена. Како аргумент во прилог на укинувањето на притворот се земени предвид и признанието на вината, неговото однесување за време на судските рочишта, како и личните околности, меѓу кои и фактот дека има малолетно дете во Македонија.

„Обвинетиот даде признание на вина што укажува дека ја прифати одговорноста, а тоа не дава основ за заклучок дека би се дал во бегство за да го избегне правосилното завршување на постапката“, наведуваат од Судот.

Во образложението се посочува и дека Стојановски има постојано и познато место на живеење во земјава, дека коректно се однесувал пред судот и не ја оспорувал фактичката состојба. Дополнително, Судот оценил дека во оваа фаза не биле презентирани нови докази или конкретни околности што би ја оправдале потребата од продолжување на притворот.

При одлучувањето била земена предвид и практиката на Европскиот суд за човекови права, според која, со одминувањето на времето, продолжувањето на притворот мора да биде поткрепено со сè поконкретни и поубедливи аргументи.

Наместо притвор, на Стојановски му е определена мерка за редовно јавување еднаш неделно, секоја среда, во периодот од 9:30 до 12 часот, пред одговорен службеник во Одделението за организиран криминал и корупција при Основниот кривичен суд Скопје. Оваа мерка ќе важи до правосилното завршување на кривичната постапка.

Инцидентот се случи на 15 јуни годинава, околу пладне, кога обвинетиот запали две дипломатски возила паркирани пред бугарската амбасада на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“. Според обвинението, тој претходно набавил бензин во пластично шише од блиска бензинска пумпа, со кој ги полеал автомобилите, ги запалил и потоа го напуштил местото.

Првичната постапка ја водеше Основното јавно обвинителство Скопје, но предметот подоцна го презеде Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција. Обвинението беше поднесено на 16 септември, а на обвинетиот му се става на товар кривичното дело загрозување лица под меѓународна заштита, бидејќи со палењето, според Обвинителството, создал сериозна опасност по животот на лица под меѓународна заштита.

„Сам одлучив“ – обвинетиот за палењето на бугарските возила призна вина

Tags: Амбасадабугаријадипломатски возилапотпалувачсуд
SummarizeShare234

Related Stories

Корабоски на 27 ноември ќе седне на обвинителна клупа за нападот врз Сара

Левица: Да се испита дали судијката-тетка на насилникот од Охрид интервенирала за тој да добие ВИП-сместување во Шутка

by ДЕСК коректив.мк
November 20, 2026
0

Левица отвора прашања за можна интервенција на судијка во случајот со нападот врз 26-годишната Сара од Охрид, откако до партијата, како што тврдат, пристигнале информации за семејна поврзаност...

Во изборната 2025 година општините поделиле 4 милиони евра за субвенции и помош за граѓаните

Просечната плата се приближи до 50 илјади денари

by ДЕСК коректив.мк
November 20, 2026
0

Просечната нето-плата во земјава се приближи до 50 илјади денари. Во септември работниците во просек добиле по 49.141 денар, што е зголемување од 8,1 отсто во споредба со...

Повеќе од половина од децата до шест години во Македонија не одат во градинка, предупредува УНИЦЕФ

Повеќе од половина од децата до шест години во Македонија не одат во градинка, предупредува УНИЦЕФ

by ДЕСК коректив.мк
November 20, 2026
0

Повеќе од 50 отсто од децата на возраст до шест години во земјава не се опфатени со предучилишно образование. Ова го истакнаа од УНИЦЕФ по повод Светскиот ден...

Протест против фемицидите пред Влада: „Нема да престанеме да бараме правда“

Протест против фемицидите пред Влада: „Нема да престанеме да бараме правда“

by ДЕСК коректив.мк
November 20, 2026
0

Со пораки против насилството врз жените, фемицидите и неефикасната институционална заштита, денеска пред Владата се одржа протест во организација на иницијативата „Ниту една повеќе“. „Мал престап жени убива,...

Next Post
МВР предупредува за опасна онлајн-мрежа „764“ која преку игри и социјални мрежи ги таргетира децата

МВР предупредува за опасна онлајн-мрежа „764“ која преку игри и социјални мрежи ги таргетира децата

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

(ВИДЕО) Жителите на неготинско Пепелиште револтирани оти секој ден снемуваат струја – од ЕВН велат дека птици го преоптоваруваат далекуводот

October 22, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.