AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Уапсен сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, по повеќе од 30 часа полициски претреси

Уапсен сопственикот на „Алта банка“, Давор Мацура, по повеќе од 30 часа полициски претреси

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Српскиот бизнисмен Давор Мацура, сопственикот на „Алта банка“, е приведен во текот на ноќта, откако полицијата повеќе од 30 часа вршела претреси во просториите на банката во Белград, објавија српските медиуми.

Приведувањето следува по сериозната финансиска криза во која се најде банката, откако Народната банка на Србија ѝ ја одзеде дозволата за работа, а над неа беше отворена стечајна постапка.

Полициските претреси започнале во саботата, откако регулаторот утврдил значително влошување на финансиската состојба на банката и ризик од дополнително нарушување на нејзината ликвидност. Одлуката била донесена со образложение дека се загрозени интересите на штедачите и стабилноста на финансискиот систем.

Случајот предизвика дополнително внимание поради информациите за наводни обиди за префрлање големи парични средства од Србија во странство по парламентарните избори на 25 октомври. Српското обвинителство за организиран криминал соопшти дека отворило истрага за работењето на банката, постапувањето на одговорните лица во Народната банка и можните трансфери на капитал во странство.

Меѓу наводите што се проверуваат се и информациите за конверзија на 50 милиони евра и можни трансфери кон други земји. Засега, сепак, не е официјално потврдено дека Мацура е приведен токму поради овие сомневања.

Мацура важи за бизнисмен близок до Српската напредна партија (СНС) и поранешната власт на Александар Вучиќ. Во изминатите години изгради деловна група со интереси во банкарството, платниот промет, недвижностите и трговијата.

Неговата деловна империја неодамна се прошири и во малопродажниот сектор, откако го презеде српскиот систем на продавници „Идеа“, „Рода“ и „Меркатор“, кои претходно беа дел од хрватската „Фортенова група“.

Случајот има последици и во Северна Македонија, каде што Народната банка воведе привремена администрација во „Алта банка“ АД Битола, по одземањето на дозволата на нејзината матична банка во Србија. Мерката е преземена за заштита на средствата на клиентите, а воведени се и ограничувања за трансакциите.

Алта банка остана без лиценца, а за нејзиниот сопственик Давор Мацура се бара воведување на американски санкции

Истрагата во Србија продолжува, а засега нема дополнителни официјални информации за конкретните причини и евентуалните обвиненија против Мацура.

Tags: Александар ВучиќАлта банкабанкаДавор МацурапариСНС
SummarizeShare235

Related Stories

Закана за бомба на лет на „Виз Ер“ од Лондон до Софија – авионот принудно слетал во Будимпешта

Закана за бомба на лет на „Виз Ер“ од Лондон до Софија – авионот принудно слетал во Будимпешта

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Авион на унгарската авиокомпанија „Виз Ер“, кој летал на релација Лондон-Софија, бил пренасочен кон Будимпешта по добиена закана за поставена бомба. По дојавата, унгарските воздухопловни сили испратиле борбен...

Новите власти ќе ги посветат првите 100 дена на владеење на правото во Србија

Новите власти ќе ги посветат првите 100 дена на владеење на правото во Србија

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Воспоставување на владеење на правото, декриминализација на државата и расчистување со корупцијата ќе бидат меѓу главните приоритети на новата влада во Србија во првите 100 дена од мандатот,...

Историски избори во Бугарија: Илијана Јотова стана првата жена избрана за претседател на државата

Историски избори во Бугарија: Илијана Јотова стана првата жена избрана за претседател на државата

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Илијана Јотова победи во вториот круг од претседателските избори во Бугарија и ќе биде првата жена избрана за претседател на земјата. Таа, заедно со кандидатот за потпретседател Кирил...

Централната банка на Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата на компанијата „Алта пеј груп“

Централната банка на Црна Гора ѝ ја одзеде дозволата на компанијата „Алта пеј груп“

by ДЕСК коректив.мк
November 2, 2026
0

Советот на Централната банка на Црна Гора донесе одлука за одземање на одобрението за давање платежни услуги на платежната институција „Алта пеј груп“ од Подгорица, откако беше утврдено...

Next Post
Филипче бара одговорност за случајот „Алта банка“: СДСМ ќе бара надзорна расправа и интерпелација за гувернерот Славески

Филипче бара одговорност за случајот „Алта банка“: СДСМ ќе бара надзорна расправа и интерпелација за гувернерот Славески

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.