AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Рекордни 356 милиони евра за општински тендери во 2025 година, повеќе од четвртина завршиле кај десет фирми

Рекордни 356 милиони евра за општински тендери во 2025 година, повеќе од четвртина завршиле кај десет фирми

Општините склучиле 4.300 договори за јавни набавки, речиси двојно повеќе од претходната година. Тетово е на врвот со 22,5 милиони евра, а Чаир потрошил најмногу по жител.

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 29, 2026
in Анализа
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Општините и Градот Скопје во 2025 година склучиле 4.300 договори за јавни набавки во вкупна вредност од 356 милиони евра, што е највисок износ досега и речиси двојно повеќе од претходната година. Според анализата на Центарот за граѓански комуникации, за една година локалните самоуправи потрошиле за тендери колку што потрошиле во претходните две години заедно.

Најголема вредност на јавните набавки има Општина Тетово, каде што биле склучени договори во вредност од 22,5 милиони евра. Воедно, Тетово го бележи и најголемиот годишен раст, за 20,5 милиони евра во однос на 2024 година. По него следуваат Карпош со зголемување од девет милиони евра, Куманово со 7,4 милиони и Гостивар со 7,3 милиони евра.

На спротивната страна е Струмица, која има најголемо намалување на вредноста на тендерите за 6,1 милиони евра. Пад на јавните набавки е забележан кај вкупно десет општини.

Градот Скопје, и покрај зголемувањето на вредноста на договорите за 1,2 милиони евра во однос на претходната година, се наоѓа на 14-тото место со набавки од 8,5 милиони евра. Дури 13 општини имале поголема вредност на склучени договори од главниот град.

Анализата покажува дека најмногу средства за јавни набавки по жител издвоил Чаир – 2.381 евро. Следуваат Сарај со 1.703 евра, Штип со 1.544, Струга со 1.355 и Тетово со 1.273 евра по жител. Најмалку потрошила Центар Жупа, само 12 евра по жител, додека кај Градот Скопје износот е 16 евра.

Просечно, на јавни набавки биле потрошени 313 евра по жител, што е за 182 евра повеќе од 2024 година. Истовремено, јавните набавки во просек достигнале 48 проценти од консолидираните буџети на општините и Градот Скопје. Кај 36 општини нивниот удел надминал 50 проценти.

Од Центарот за граѓански комуникации посочуваат дека високите износи во голема мера се поврзани со средствата што општините ги добиле од Владата за инфраструктурни проекти преку таканаречениот Унгарски кредит. Притоа, се нагласува дека станува збор за вредност на склучени договори, а дел од нив се повеќегодишни, па плаќањата ќе се вршат и од буџетите во наредните години.

Во однос на фирмите, општините во 2025 година склучиле договори со 1.185 компании. Сепак, повеќе од една четвртина од вкупната вредност на тендерите, односно 27 проценти, завршила кај само 10 фирми. Овој удел е за два процентни поени поголем од оној во 2024 година.

Најголема вредност на договори има струмичката компанија „Жикол“, со која девет општини склучиле 16 договори вредни околу 16 милиони евра. На второ место е „Ленди груп“ од Скопје со договори од 14 милиони евра, а на трето „Стентон градба“ од Битола со 11,7 милиони евра.

Дополнително, кај 21 општина една фирма учествува со повеќе од половина од вкупната вредност на јавните набавки. Најизразена е концентрацијата во Сарај, каде што уделот на една компанија достигнува 84 проценти, а потоа следува Теарце со 77 проценти.

Центарот за граѓански комуникации оценува дека ваквите податоци треба да ги поттикнат локалните власти да преземат мерки за зголемување на конкуренцијата, меѓу другото и преку поделба на тендерите на помали делови, наместо нивно окрупнување.

 

Tags: општинипотрошувачкатендери
SummarizeShare234

Related Stories

Работните спорови ја чинеа државата 64 милиони евра, речиси половина отишле за камати и трошоци

Над 14 милијарди денари за инвестиции на домашните компании, производството добило најголем дел

by ДЕСК коректив.мк
October 29, 2026
0

Вкупно 14,2 милијарди денари се повлечени за финансирање инвестиции и развој на домашните компании преку кредитната линија од 250 милиони евра, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија...

Протестите поради скапотијата и кризата со домувањето се шират низ Европа

Бран протести ја зафати Европа: Од подобри плати до борба против корупцијата

by ДЕСК коректив.мк
October 25, 2026
0

Протести се одржуваат низ цела Франција поради високите трошоци за живот и лошите услови во училиштата. Протести има и во Италија, Шпанија, Албанија и други европски земји. Десетици...

Марко Рубио доби барање за санкции против четворица бизнисмени од Србија – меѓу нив и Давор Мацура од „Алта банка“

Марко Рубио доби барање за санкции против четворица бизнисмени од Србија – меѓу нив и Давор Мацура од „Алта банка“

by ДЕСК коректив.мк
October 23, 2026
0

Четири бизнисмени од Србија, блиски до актуелната влада, се најдоа на листата на барања за воведување американски санкции, што републиканскиот конгресмен Џо Вилсон му ја испрати на државниот...

Кој е турскиот бизнисмен Турхан Милдон, поради кој Ричард Гренел е под истрага на Трамп?

Кој е турскиот бизнисмен Турхан Милдон, поради кој Ричард Гренел е под истрага на Трамп?

by ДЕСК коректив.мк
October 22, 2026
0

Богатиот турски бизнисмен се поврза со администрацијата на Трамп минатиот месец кога Турхан Милдон се ожени со Алина Хаба, поранешна адвокатка на Доналд Трамп и американска обвинителка. Претходно...

Next Post
Вучиќ во недела поднесува оставка од претседателската функција

„Тајмс“ тврди Вучиќ се подготвувал да ја задржи власта со сила, тој вели дека сам го признал поразот

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.