AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
По повеќе од една година во бегство, се предаде Перпарим Бајрами – спроведен е во затворот во „Шутка“

Против Бајрами се водат уште четири постапки

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 9, 2026
in Хроника
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Повеќе од една година откако беше недостапен за македонските органи на прогонот, поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, утрово се предаде на граничниот премин „Блаце“.

Против него веќе е поднесен обвинителен акт за злоупотреба на службената положба и овластување во предметот „Државна лотарија“, а се водат и уште четири други постапки, информираше Обвинителството.

Бајрами е еден од осумтемина обвинети во случајот за работењето на Државна лотарија во периодот 2023–2024 година. Меѓу обвинетите е и поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, а обвинението се однесува на наводни злоупотреби при воведувањето и набавката на опрема за електронски игри на среќа.

Според обвинението, со дејствијата на обвинетите на Државна лотарија ѝ била предизвикана штета од 596.125.511 денари. Обвинителството во судската постапка најави 231 материјален доказ, повеќе вештачења и седум сведоци. Сите обвинети кои досега се појавија пред судот се изјаснија дека не се чувствуваат виновни, додека Бајрами се суди во отсуство.

Против поранешниот директор се водат и други постапки поврзани со неговото раководење со Државна лотарија.

Една од нив се однесува на сомнежи за незаконско постапување при склучување договор за закуп на деловен простор. Според кривичната пријава, просторот не бил соодветно подготвен за потребите на Лотаријата, а закупнината по квадратен метар била повисока од пазарната. Во пријавата се наведува и дека на фирмата ѝ биле исплатени 24,6 милиони денари.

Уште претходно против Бајрами биле поднесувани пријави поврзани со јавни набавки и други финансиски сомнежи во работењето на Државна лотарија. Според достапните информации, против него биле поднесени повеќе кривични пријави за злоупотреби поврзани со периодот кога ја раководел државната компанија.

Падот на Перпарим Бајрами – хронологија на аферите во Државна лотарија

Tags: Артан ГрубиБајрамидиректорДржавна лотаријаистрагиОБвинителствоОЈОпостапкипритвор
SummarizeShare235

Related Stories

По две години бегство, осуден дилер фатен во Арачиново

По две години бегство, осуден дилер фатен во Арачиново

by ДЕСК коректив.мк
September 16, 2026
0

По речиси две години бегство, полицијата во Арачиново привела скопјанец кој бил баран со потерница за издржување затворска казна поради кривично дело поврзано со неовластено производство и пуштање...

Кривична за Менди Ќира за злоупотреба на службената положба како прв човек на Струга

Кривична за Менди Ќира за злоупотреба на службената положба како прв човек на Струга

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Полицијата во Струга однесе кривична пријава против тамошниот градоначалник, Менди Ќира, поради сомнение дека незаконски разрешил директор на основно училиште и назначил друго лице кое не ги исполнувало...

Врховен ја укина пресудата против Стевчо Јакимовски

Стевчо Јакимовски заработи нова кривична пријава, овојпат за несовесно работење

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Нова кривична пријава за екс градоначалникот на Карпош Стевчо Јакимовски. Овојпат полицијата го сомничи за несовесно работење, а пријавени се и две службенички од општинскиот Сектор за урбанизам....

Потресно сведоштво на медицинска сестра: Од Охрид до Скопје барала помош, на крај го изгубила бебето

Потресно сведоштво на медицинска сестра: Од Охрид до Скопје барала помош, на крај го изгубила бебето

by ДЕСК коректив.мк
September 14, 2026
0

Медицинска сестра со десетгодишно искуство во здравството објави потресно сведоштво за нејзиното искуство во текот на бременоста, во кое тврди дека со часови барала медицинска помош во повеќе...

Next Post
ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за воени злосторства

Хашим Тачи осуден на 25 години затвор за воени злосторства

September 16, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 10, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

September 8, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.