AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Прв муслиман влегува во Сенатот, демократите слават победа во Тексас по 38 години

Абдул Ел-Сајед

Прв муслиман влегува во Сенатот, демократите слават победа во Тексас по 38 години

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Демократите остварија значајни победи на изборите за американскиот Сенат, а меѓу резултатите се издвојуваат историскиот избор на Абдул Ел-Сајед во Мичиген и победата на Џејмс Таларико во Тексас, каде што партијата не успеала да освои сенаторско место уште од 1988 година.

Ел-Сајед, демократ и поранешен функционер во здравствениот систем на Мичиген, го победи републиканскиот кандидат Мајк Роџерс. Со тоа стана првиот муслиман избран во американскиот Сенат, што претставува историски момент за политичката застапеност на муслиманската заедница во САД.

Тој е син на египетски имигранти, роден во Мичиген. По образование е лекар и експерт за јавно здравје, а во минатото ја извршувал функцијата директор на здравствената служба во Детроит. Во изборната кампања се залагаше за универзално здравствено осигурување, намалување на трошоците за живот и ограничување на влијанието на големите донатори и корпорациите врз политиката.

Неговата кандидатура предизвика поделби во Демократската партија, особено поради критиките кон американската воена поддршка за Израел и неговите ставови за војната во Газа. За време на кампањата, тој беше мета и на напади од републикански функционери поради својата верска припадност. Ел-Сајед ги отфрли обвинувањата за поврзаност со Муслиманското братство.

„Можеби го посочуваа моето име и мојата вера, но сите знаеме дека тоа не е причината поради која не можете да си го дозволите горивото“, порача тој во победничкото обраќање, осврнувајќи се на нападите врз неговиот идентитет и на економските проблеми со кои се соочуваат граѓаните.

Исто така, бидејќи претседателот Доналд Трамп во неколку наврати, намерно или ненамерно го грешеше неговото име кога го критикуваше од говорниците на собирите во различни држави, Ел-Сајед му порача на Трамп дека сега може да го условува многу полесно, односно како „сенаторе“.

Истовремено, демократите забележаа значајна победа и во Тексас. Џејмс Таларико го победи републиканецот Кен Пакстон во трката за Сенатот, со што стави крај на повеќедеценискиот период во кој демократите не успеваа да освојат сенаторско место во оваа сојузна држава. Последен пат демократ бил избран за сенатор од Тексас во 1988 година.

Таларико, 37-годишен член на Претставничкиот дом на Тексас и поранешен наставник, кампањата ја заснова на борбата против корупцијата, намалувањето на трошоците за живот и критиките кон влијанието на богатите донатори во политиката.

„Го вративме Тексас“, изјави Таларико пред поддржувачите во Остин по објавувањето на резултатите, додавајќи дека победата покажува оти политиката на обединување може да ја надмине политиката на поделби.

Победата во Тексас е особено значајна бидејќи станува збор за сојузна држава во која републиканците со години имаа силна изборна предност. Таларико ќе го наследи републиканскиот сенатор Џон Корнин, кој ја извршуваше функцијата од 2002 година.

Демократски пресврт во Вашингтон: Трамп останува без контрола врз двата дома на Конгресот

Tags: Абдул Ел-СаједАмерикаДемократиизбориКонгресМичигенмуслиманрепубликанциСАДСенатТексасТрампЏејмс Таларико
SummarizeShare234

Related Stories

САД бараат гаранции дека Техеран нема да има нуклеарно оружје, Трамп очекува војната да заврши наскоро

„Волстрит журнал“: Трамп ги занемарил предупредувањата за изборниот пораз, фокусот му бил на надворешната политика

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрлал предупредувањата на своите советници за незадоволството на гласачите од високите трошоци за живот и можниот изборен пораз на републиканците, додека поголем дел...

Венс почнува да гради сопствена политичка позиција, се оградува од Трамп по изборниот пораз на републиканците

Венс почнува да гради сопствена политичка позиција, се оградува од Трамп по изборниот пораз на републиканците

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс прави сè поочигледни обиди да се дистанцира од дел од политиките на претседателот Доналд Трамп, во период кога сè почесто се споменува како...

Вулин пристигна во Москва по драмата со авионот во Белград: „Не сум избегал од Србија“

Вулин пристигна во Москва по драмата со авионот во Белград: „Не сум избегал од Србија“

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Поранешниот српски министер и актуелен претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, Александар Вулин, се огласи од Москва, откако авионот со кој патуваше од Белград кон руската престолнина беше...

Франција под засилени безбедносни мерки: Над 70.000 полицајци на улиците поради најавените протести

Франција под засилени безбедносни мерки: Над 70.000 полицајци на улиците поради најавените протести

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Во Франција денеска се очекуваат нови масовни протести, поради што властите најавија засилено полициско присуство низ земјата. На улиците ќе бидат распоредени повеќе од 70.000 полицајци со цел...

Next Post
Зајкова по убиството на 17-годишната девојка во Богданци: „Имате на совест уште една жена, електронската нараквица ќе спасеше живот“

Зајкова по убиството на 17-годишната девојка во Богданци: „Имате на совест уште една жена, електронската нараквица ќе спасеше живот“

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.