AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Вулин пристигна во Москва по драмата со авионот во Белград: „Не сум избегал од Србија“

Вулин пристигна во Москва по драмата со авионот во Белград: „Не сум избегал од Србија“

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Поранешниот српски министер и актуелен претседател на Надзорниот одбор на „Србијагас“, Александар Вулин, се огласи од Москва, откако авионот со кој патуваше од Белград кон руската престолнина беше принуден да се врати на белградскиот аеродром поради дополнителни безбедносни проверки.

Во видеообраќање објавено на социјалните мрежи, Вулин потврди дека пристигнал во Москва, демантирајќи ги шпекулациите дека ја напуштил Србија за да избегне евентуална одговорност.

„Не сум избегал никаде. Ниту би заминал некаде без моето семејство“, порача Вулин, додавајќи дека во Русија отпатувал службено и дека го очекуваат повеќе средби поврзани со продолжувањето на гасниот аранжман меѓу Србија и Русија.

Инцидентот се случи во вторникот вечерта, кога авионот на „Ер Србија“, на редовната линија Белград – Москва, полета од аеродромот „Никола Тесла“, но подоцна го промени правецот и се врати во Белград. Од авиокомпанијата соопштија дека добиле информација од надлежните служби која наложувала дополнителни безбедносни проверки на еден од патниците.

Според информациите објавени во српските медиуми, патникот за кого биле побарани дополнителни проверки бил токму Вулин. Наводно, тој поминал низ безбедносната контрола без да ги заврши сите задолжителни процедури, а при неговото поминување се активирал и алармот, но не била извршена дополнителна проверка.

Случајот сега е предмет на истрага. Третото основно јавно обвинителство во Белград најави дека ќе ја испита целата постапка на аеродромот, ќе ги обезбеди снимките од видеонадзорот и ќе ги сослуша лицата кои имаат сознанија за настанот. Особено ќе се утврдува како патникот успеал да помине низ безбедносната зона во придружба на припадник на Безбедносно-информативната агенција (БИА), без да биде подложен на целосен преглед.

Вулин ги отфрли обвинувањата дека ги заобиколил безбедносните процедури. Во изјава за телевизијата „Информер“ рече дека во авионот спиел кога дознал дека летот се враќа во Белград, а по слетувањето повторно ги поминал проверките заедно со останатите патници.

„Кај мене не е пронајдено ништо незаконско, затоа што ништо такво не можело ни да има“, изјави тој, оценувајќи дека враќањето на авионот било обид за политички притисок врз него.

На истиот лет, според српските медиуми, биле и директорот на „Србијагас“, Душан Бајатовиќ, како и политичарот Ненад Поповиќ. Бајатовиќ потврди дека бил во авионот и дека по враќањето во Белград сите патници и нивниот багаж биле подложени на детални проверки.

Авионот подоцна повторно полетал и пристигнал во Москва во средата наутро. Бајатовиќ изјави дека посетата е поврзана со разговори за снабдувањето со природен гас и проблемите со плаќањата по пропаѓањето на Алта банка.

Вулин важи за еден од најблиските политички соработници на поранешниот српски претседател Александар Вучиќ и за еден од најгласните застапници на проруската политика во Србија. Во минатото ги извршуваше функциите министер за одбрана, министер за внатрешни работи, директор на БИА и вицепремиер, а од 2023 година се наоѓа и на американската листа на санкционирани лица.

Tags: Алта банкаВулинМосквасрбијаСрбијагас
SummarizeShare234

Related Stories

Венс почнува да гради сопствена политичка позиција, се оградува од Трамп по изборниот пораз на републиканците

Венс почнува да гради сопствена политичка позиција, се оградува од Трамп по изборниот пораз на републиканците

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Американскиот потпретседател Џеј Ди Венс прави сè поочигледни обиди да се дистанцира од дел од политиките на претседателот Доналд Трамп, во период кога сè почесто се споменува како...

Франција под засилени безбедносни мерки: Над 70.000 полицајци на улиците поради најавените протести

Франција под засилени безбедносни мерки: Над 70.000 полицајци на улиците поради најавените протести

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Во Франција денеска се очекуваат нови масовни протести, поради што властите најавија засилено полициско присуство низ земјата. На улиците ќе бидат распоредени повеќе од 70.000 полицајци со цел...

ВИДЕО: Поради „проклетството на ретроградниот Меркур“, босанската министерка за образование ги одложува работните активности

ВИДЕО: Поради „проклетството на ретроградниот Меркур“, босанската министерка за образование ги одложува работните активности

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Министерката за образование на Босна и Херцеговина, Јасна Дураковиќ, ги советува граѓаните да ги одложат деловните договори, преговорите и потпишувањето документи до втората половина на ноември, бидејќи, според...

Прв муслиман влегува во Сенатот, демократите слават победа во Тексас по 38 години

Прв муслиман влегува во Сенатот, демократите слават победа во Тексас по 38 години

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Демократите остварија значајни победи на изборите за американскиот Сенат, а меѓу резултатите се издвојуваат историскиот избор на Абдул Ел-Сајед во Мичиген и победата на Џејмс Таларико во Тексас,...

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.