Голем пожар што вчера попладне избувна на улицата „Никола Мартиновски“ во близина на Бит-пазар во Скопје зафатил неколку куќи, а во неговото гаснење учествувале 23 пожарникари со седум противпожарни возила.
Според информациите од Центарот за управување со кризи, интервенцијата траела од 17:20 до 20:20 часот. Во пожарот нема повредени лица, а висината на материјалната штета сè уште не е утврдена.
„Материјалната штета е неутврдена и нема повредени лица“, информираат од ЦУК.
На местото на настанот и понатаму се присутни дежурни полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар. Засега не се соопштени причините за избувнувањето на пожарот.









