AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Кој дозволи влез на „Алта банка“ – власта и опозицијата си ја префрлаат одговорноста

Фото: Принтскрин

Кој дозволи влез на „Алта банка“ – власта и опозицијата си ја префрлаат одговорноста

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 11, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Случајот со „Алта банка“ ја продлабочи политичката пресметка меѓу власта и опозицијата на денешната надзорна расправа во Собранието. Премиерот Христијан Мицкоски тврдеше дека владата предводена од Димитар Ковачевски уште во 2023 година отворила пат за воспоставување деловни односи со банката и нејзиниот сопственик Давор Мацура, додека лидерот на СДСМ, Венко Филипче, го обвини дека ја извртува содржината на документот што го покажа пред пратениците.

Во расправата се отворија и прашања за постапувањето на Народната банка, за одговорноста на нејзиниот гувернер Трајко Славески, како и за улогата на премиерот во процесите поврзани со банката. Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска, пак, уверуваше дека случајот не претставува ризик за финансиската стабилност и дека буџетските корисници немаат средства ниту депозити во банката.

Мицкоски беше првиот повикан да одговара на прашањата на пратениците. На почетокот на седницата рече дека не му е јасно во кое својство е повикан, но дека ќе одговори на прашањата во рамките на информациите со кои располага.

„Во принцип, сè уште не можам да сфатам кое е моето својство денеска, но бидејќи сум поканет, ќе се обидам во рамките на моите можности и информации со кои располагам да дадам соодветен одговор“, изјави Мицкоски.

Мицкоски на распит за Алта банка – уверува дека нема да банкротира, опозицијата бара одговорност

Премиерот повтори дека „Алта банка“ нема да банкротира и изрази оптимизам дека ќе добие нов сопственик и ќе продолжи да работи. Како приоритети на Владата ги посочи зачувувањето на работните места и заштитата на доверителите.

Мицкоски покажа документ од 2023 година, Филипче тврди дека го извртува неговото значење

Најголем дел од политичката расправа се водеше околу документ од владината седница од 24 октомври 2023 година. Мицкоски, во својство на сведок, покажа извадок од нацрт-записникот и официјална одлука објавена во „Службен весник“ број 123 од 2023 година, со која тогашната влада дала согласност за продажба на акции во Стопанска банка АД Битола, денешна „Алта банка“.

Според премиерот, од стенограмот може да се види дека прашањето за влезот на банката во Македонија било отворено уште во времето кога премиер бил Димитар Ковачевски. Тој посочи дека тогашниот министер за финансии Фатмир Бесими побарал Државното правобранителство да стапи во деловни односи со „Алта банка“ Србија.

Мицкоски тврдеше дека владата на СДСМ и ДУИ го задолжила Државното правобранителство да воспостави комуникација со Давор Мацура и неговата банка, како и да ги отуѓи акциите во сопственост на државата во банката што ја купувала „Алта банка“.

„Мојата теза е следна, дека во 2023 владата на СДСМ и ДУИ донела одлука да го задолжи Државното правобранителство да стапи во комуникација со истото ова лице Давор Мацура и Алта банка Србија и да влезе во деловни односи со Алта банка. Вашата влада, господине Венко Филипче, и на ДУИ, на предлог на министерот од ДУИ, Фатмир Бесими, му наложува на Државното правобранителство да влезе во деловни односи со лицето Давор Мацура, сопственикот на Алта банка Србија, и да ги оттуѓи акциите во сопственост на Македонија“, рече Мицкоски.

Тој праша дали тогашните владини функционери не знаеле кој е Мацура и посочи дека на седницата во 2023 година присуствувале членови на тогашната влада, од кои дел денес се пратеници на СДСМ.

„Дали тогаш тие не знаеле кој е Давор Мацура? Тогаш на владината седница била присутна половина влада. Сите тие гласале. Одлуката за влез на Давор Мацура ја носи владата на СДСМ со ДУИ. Нема да го читам целиот стенограм, нема да биде пристојно“, изјави премиерот.

Мицкоски праша и дали во 2023 година не биле познати прашањата за рускиот капитал и криминалните пари, додавајќи дека неговата контратеза на обвинувањата од СДСМ е оти претходната влада многу порано воспоставила комуникација со Мацура и неговиот капитал.

Филипче веднаш реагираше на ваквото толкување. Тој го обвини премиерот дека лаже дека владата на СДСМ донела одлука за продажба на акциите и го објави документот за кој рече дека покажува нешто сосема друго.

Според Филипче, во документот не станува збор за согласност за продажба, туку за заклучок со кој Државното правобранителство било задолжено да ги штити интересите на државата пред институциите во Србија.

Во извадокот од нацрт-записникот од владината седница од 24 октомври 2023 година, во точката 57, се наведува дека Владата ја усвоила информацијата за потребата Државното правобранителство да го застапува Министерството за финансии пред органите во Србија во врска со отуѓувањето на акциите во „Алта банка“ АД Белград, кои биле во сопственост на Министерството за финансии. Државното правобранителство било задолжено да поведе соодветни постапки пред српските институции, доколку за тоа постојат законски можности, заради заштита на правата и интересите на Министерството за финансии.

„Вистината е дека Владата на СДСМ нема дадено согласност за продажба на акциите. Владата на СДСМ има донесено заклучок да се ангажира Државното правобранителство како орган кој го штити државниот интерес пред државните органи на Србија, со цел да се заштити државниот интерес на Македонија и на нашите граѓани“, вели Филипче.

Тој ја обвини актуелната власт дека дозволила влез на Мацура во македонскиот банкарски систем и дека сега се обидува одговорноста да ја префрли на претходната влада.

„Тоа е разликата меѓу одговорната власт на СДСМ и криминалната власт на ВМРО и Мицкоски, која дозволи влез на криминалец во банкарскиот систем и ги остави граѓаните без сопствените средства“, напиша Филипче, повикувајќи го Обвинителството да истражи што се крие зад тврдењата на премиерот.

Филипче праша за улогата на Мицкоски и Славески

Лидерот на СДСМ претходно го праша Мицкоски зошто било дозволено „Алта банка“ да влезе на македонскиот пазар и што му кажал на гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, кога, според него, му наредил да дозволи влез на банката.

„Вие бевте премиер во 2025 година. Алта банка влезе во време кога вие бевте премиер, а Трајко Славески гувернер“, рече Филипче.

Тој оцени дека актуелната влада не може да се дистанцира од одговорноста за влезот на банката, посочувајќи дека за неа и за нејзиниот сопственик се зборувало и пред една година.

„Ја браните банката како ваша да е. Како тука да влезе Дојче банк или некоја светска банка, а не Алта банка чиј сопственик сега е во затвор поради перење пари во Србија. Имате обврска да знаете каков е кредибилитетот на газдата на банката која влегува на пазарот. Тоа што се случува е доказ дека нашето укажување е вистинито. Клучното прашање е зошто дозволивте влез на таква банка кај нас. Зошто не видовте како таа банка е казнета во Австрија. Која е цената што сега сите ние треба да ја платиме за сомнежот во банкарскиот сектор“, праша Филипче.

Димитриеска-Кочоска: Нема ризик за јавните средства

Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска на расправата пред Комисијата за финансирање и буџет порача дека случајот со „Алта банка“ не претставува ризик за финансиската стабилност на државата.

Таа нагласи дека буџетските корисници немаат средства ниту депозити во банката, бидејќи нивните сметки се водат преку трезорот. Поради тоа, Министерството за финансии не гледа ризик од губење на јавни средства.

„Буџетските корисници во Алта банка немаат ниту средства, ниту депозити“, рече министерката.

Димитриеска-Кочоска истакна и дека Министерството за финансии немало никаква улога во процесот на преземање, односно купување на банката, ниту давало согласност за продажба.

Лукаревска побара оставка од Славески, тој тврди дека биле запазени процедурите

Претседателката на собраниската Комисија за финансирање и буџет и пратеничка од СДСМ, Сања Лукаревска, побара оставка од гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, обвинувајќи го дека ја нарушил довербата во банкарскиот сектор и ја довел во прашање стабилноста на банкарскиот и финансискиот систем.

Славески, кој на расправата настапи во својство на сведок, ја бранеше постапката на Народната банка при одобрувањето на влезот на „Алта банка“ Белград во тогашната Стопанска банка Битола.

Тој рече дека биле запазени сите законски процедури и проверки при давањето претходна согласност за стекнување акции, како и за именување членови на надзорните и управните одбори.

Според Славески, Народната банка го искористила максималниот законски рок од три месеци за проверките, кои биле спроведени на четири нивоа во институцијата. Преку доставената документација, како што рече, биле утврдени идентитетот на инвеститорот, сопственичката структура и крајниот сопственик, а била остварена комуникација и со сите релевантни институции.

„На ниту еден начин не постоеја индиции што би претставувале пречка за давање согласност“, истакна гувернерот.

Тој оцени дека состојбата во „Алта банка“ АД Битола и нејзиниот биланс се здрави и солидни.

Левица ја отвори улогата на премиерот во процесите околу банката

Прашања за улогата на Мицкоски во процесите поврзани со „Алта банка“ постави и пратеникот на Левица, Борислав Крмов.

Тој го праша премиерот врз основа на кои законски овластувања се вклучувал во прашања што, според него, се во надлежност на регулаторните и другите надлежни институции.

Крмов ги посочи консултациите на Мицкоски со гувернерот пред влезот на банката на македонскиот пазар, неговите јавни изјави за можноста за продажба на банката и разговорите со други банки за нејзино преземање.

„Очигледно во оваа држава веќе не ни требаат институции. Доволни сте само вие“, рече Крмов, прашувајќи во кое својство Мицкоски настапува како финансиски консултант и стечаен управник на „Алта банка“.

Во текот на расправата Мицкоски откри и дека, според информации со кои располага, Левица имала штеден влог од 250.000 евра во банката, но не објасни од каде ги добил тие податоци.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, од своја страна, ја поддржа тезата на премиерот дека претходната влада уште во 2023 година отворила прашања поврзани со акциите во тогашната Стопанска банка АД Битола. Тој побара да се утврди дали била реализирана продажба врз основа на одлуката од 2023 година и по што таа се разликува од одлуките на актуелната влада во 2026 година.

Надзорната расправа треба да ги разјасни причините за воведувањето привремена администрација во „Алта банка“ АД Битола, постапувањето на Народната банка и евентуалната одговорност на државните институции за случувањата со банката.

Tags: Алта банкавластнадзорна расправаопозицијаСобрание
SummarizeShare234

Related Stories

Ристески сака недела повторно да биде работен ден, ССМ нема да дозволи кратење на работничките права

СДСМ поднесе интерпелација за гувернерот Славески поради случајот со Алта банка

by ДЕСК коректив.мк
November 24, 2026
0

Пратениците на СДСМ и коалицијата денеска во Собранието поднесоа интерпелација за гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, поради неговото постапување во случајот со Алта банка. Од партијата бараат...

Ристески сака недела повторно да биде работен ден, ССМ нема да дозволи кратење на работничките права

Ристески сака недела повторно да биде работен ден, ССМ нема да дозволи кратење на работничките права

by ДЕСК коректив.мк
November 24, 2026
0

Заменик-министерот за економија и труд, Марјан Ристески, смета дека треба да се разгледа можноста недела повторно да биде работен ден, оценувајќи дека сегашното решение е неправедно и може...

Ахмети бара правосудниот испит да се полага на албански, Шасивари му порача дека ДУИ нема монопол врз јазикот и правата

Ахмети бара правосудниот испит да се полага на албански, Шасивари му порача дека ДУИ нема монопол врз јазикот и правата

by ДЕСК коректив.мк
November 24, 2026
0

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и министерот за правда Јетон Шасивари разменија остри пораки околу полагањето на правосудниот испит на албански јазик. Ахмети обвини дека Владата подготвува решение...

Посвоените лица би можеле да дознаат кои им се биолошките родители, се предлагаат измени на Законот за семејството

СДСМ бара итна собраниска седница за фемицидите, ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе ја поддржи

by ДЕСК коректив.мк
November 24, 2026
0

Пратеничката група на СДСМ поднесе иницијатива за одржување итна седница на Собранието посветена на насилството врз жените и семејното насилство, а пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ најави дека ќе...

Next Post
ЛДП бара гаранции од Владата дека нема да поскапат струјата и парното

ЛДП бара гаранции од Владата дека нема да поскапат струјата и парното

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се огласи сопругата на Вучиќ: Завршува едно поглавје во мојот живот

Се огласи сопругата на Вучиќ: Завршува едно поглавје во мојот живот

October 27, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.