AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Велешанецот ги убедувал семејствата дека и политичари ја купувале „кубанската вакцина“, го злоупотребил и името на Талат Џафери

Фото: Pexels

Велешанецот ги убедувал семејствата дека и политичари ја купувале „кубанската вакцина“, го злоупотребил и името на Талат Џафери

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 26, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Велешанецот М.А., кој со години измамувал десетици пациенти со карцином во Македонија, пласирал приказна дека ректори, политичари и бизнисмени ја купувале истата вакцина од него. Како што објави „Слободен печат“, Ненад Младеновски од Куманово ја купил оваа супстанца за 3.200 евра, а велешанецот ја аплицирал на неговата сега покојна мајка, која имала метастази во главата.

Како што Младеновски самиот тврди за „Слободен печат“, во неговата одлука да ја купи „вакцината“ голема улога имала приказната што осомничениот му ја пласирал.

Злоупотребено било дури и името на тогашниот претседател на Собранието, Талат Џафери. „Слободен печат“ стапил во контакт со Џафери, кој е дециден дека не нарачувал „кубанска вакцина“, туку дека неговото име било злоупотребено.

„Не е точно, класична злоупотреба на моето име“, изјавил Џафери за „Слободен печат“.

Велешанец на пациенти со рак им давал инјекции со непозната содржина и наплаќал илјадници евра

Освен семејството од Куманово, и други граѓани тврдат дека платиле илјадници евра за наводниот препарат. Жена од Скопје сведочи дека дала 10.000 евра за три дози наменети за нејзиниот син заболен од рак. Една од дозите ја однела во САД, каде што лекарите одбиле да ја аплицираат, па таа морала самата да му ја даде на синот, следејќи инструкции добиени преку Вибер. Друга доза, според нејзиното сведоштво, била аплицирана на нејзин роднина во бањата Катланово.

Според сведоштвата на семејствата, велешанецот им објаснувал дека препаратот го набавува преку тајни кубански лекари во Белград, кои наводно ги разгледувале медицинските документи на пациентите и одлучувале дали можат да ја примат вакцината. Семејствата, сепак, велат дека никогаш немале директен контакт со овие лекари, туку целата комуникација се одвивала преку М.А.

За случајот зборува и поранешниот директор на Клиниката за онкологија, д-р Милан Ристовски, кој потврдил дека во 2015 година клиниката ја посетила кубанска делегација со вистински препарат за лекување од рак. Но, неговата употреба била строго ограничена и можела да се одобри само по претходни геномски испитувања, кај одредена група пациенти со неситноклеточен карцином на белите дробови. Според Ристовски, потенцијални кандидати биле околу пет проценти од пациентите со оваа дијагноза.

Тој посочи дека препаратот бил аплициран во болнички услови, а една волонтерка примила четири дози. Таа денеска е почината. Ова е сосема различно од начинот на кој, според сведоштвата, велешанецот им ги давал инјекциите на пациентите – во нивните домови, станови, автомобили, паркинзи и други места што не се здравствени установи.

Семејствата тврдат дека не добивале амбалажа, ниту документација за препаратот, па не знаеле што точно им се аплицира на нивните блиски. Во претходните сведоштва објавени од „Слободен печат“, еден од соговорниците изјавил дека остаток од инјекцијата однел на лабораториска анализа во Србија, каде што, според неговите наводи, било утврдено дека станува збор за физиолошки раствор.

За случајот Јавното обвинителство во Велес отвори предмет за измама и надрилекарство. Во рамки на истрагата биле извршени претреси на повеќе локации, меѓу кои и во простории на здружение за лица со попреченост. Биле одземени одредени супстанции и електронски уреди, кои треба да бидат предмет на вештачење, а се сослушуваат и оштетените и други лица.

На М.А. му се определени мерки на претпазливост, еднаш неделно да се јавува во Основниот суд во Велес и привремено да не може да ја напушти државата, односно да му биде одземена патната исправа. Одлуката му била врачена додека бил хоспитализиран на Клиниката за ортопедија во Скопје.

Tags: велешанецзлоупотребакубанска вакцинаполитичариталат џафери
SummarizeShare234

Related Stories

Најавени реформи за достоинствена работа, но остануваат старите проблеми на пазарот на трудот

Најавени реформи за достоинствена работа, но остануваат старите проблеми на пазарот на трудот

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

Недостигот на работна сила, иселувањето, ниското учество на жените и младите на пазарот на трудот и неформалната економија остануваат меѓу главните предизвици со кои се соочува Македонија. Овие...

Две години со најниска оценка и следува отказ: Собранието ги усвои законските измени за административните службеници

Договорците ќе добијат можност за вработување на неопределено, но не во сите државни институции

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

Предлог-законот за трансформација на договорните ангажмани во редовен работен однос на неопределено време, кој денеска беше претставен во Собранието, нема да ги опфати сите институции во јавниот сектор....

Расте бројот на деца жртви, а системот за нивна заштита има сериозни празнини

Расте бројот на деца жртви, а системот за нивна заштита има сериозни празнини

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

Бројот на деца жртви на кривични дела е зголемен за 118 проценти во судовите, додека бројот на деца сторители на прекршоци пораснал за 54 проценти во споредба со...

Вештачката интелигенција ќе помага во контролата на јавните набавки, нема да се избира само најевтината понуда

Вештачката интелигенција ќе помага во контролата на јавните набавки, нема да се избира само најевтината понуда

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

Собранието ги усвои измените и дополнувањата на Законот за јавните набавки, со кои се предвидува воведување современи дигитални алатки, вклучително и решенија базирани на вештачка интелигенција, за поефикасно...

Next Post
Зетот на Заев, Атанас Костов доби кривична пријава за намерно предизвикан стечај на фирма

Зетот на Заев, Атанас Костов доби кривична пријава за намерно предизвикан стечај на фирма

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.