Уште едно лице почина од западнонилска треска во земјава, со што вкупниот број починати од оваа болест од почетокот на 2026 година се искачи на 11, покажуваат најновите податоци на „Хелталерт“.
Од почетокот на годината, во Македонија се регистрирани вкупно 71 случај на зараза со вирусот. Од нив, 58 пациенти оздравеле, додека двајца сè уште се на болничко лекување.
Во текот на изминатата недела не е регистриран ниту еден нов случај на западнонилска треска.








