Најмалку тројца ученици се загинати, а осуммина се повредени во пукање во Националното средно училиште „Банга“ во провинцијата Јужен Котабато, на југот на Филипините.
Според локалните власти, меѓу загинатите е и ученикот кој го извршил нападот. Пукањето се случило во петокот попладне, а повредените биле пренесени во локални болници.
Поради инцидентот, наставата е суспендирана во целата општина Банга, а полицијата спроведува истрага за околностите и мотивот за нападот. Филипинското Министерство за образование соопшти дека соработува со локалните власти и полицијата и дека на учениците, наставниците и останатиот училишен персонал ќе им биде обезбедена психолошка и друга поддршка.
Првичните информации за бројот на жртвите значително се разликуваа, а надлежните апелираа до јавноста да не споделува непроверени информации додека трае истрагата.
Инцидентот е втор сериозен случај на пукање во филипинско училиште во последните месеци. Во јуни, во напад во средно училиште во централниот дел на земјата загинаа најмалку тројца ученици, а околу 20 лица беа повредени.









