AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Македонија одбележува 35 години независност – политички пораки за единство и стабилност

Илустрација / ФОТО: Генерирано со ВИ

Македонија одбележува 35 години независност – политички пораки за единство и стабилност

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 8, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Македонија денеска го слави Денот на независноста 8 Септември – 35 години од историскиот референдум на кој граѓаните во 1991 година со убедливо мнозинство се изјаснија за суверена и самостојна држава.

Оттогаш земјата го започна патот како независна парламентарна демократија, а 8 Септември стана еден од најважните државни празници. Честитки денеска пристигнаа од македонскиот државен врв, амбасадата на САД и претставници на ЕУ.

Пред три и пол децении, над 95 насто од граѓаните на референдум се изјаснија за самостојна и суверена држава.

Претходно, на 25 јануари 1991 година, беше усвоена Декларацијата за независност од првото повеќепартиско македонско Собрание, а два дена подоцна пратениците го избраа Киро Глигоров за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија.

Важни чекори за утврдување на државноста беа усвојувањето на новиот Устав на 17 ноември 1991 година, монетарното осамостојување и воведувањето на денарот на 26 април 1992, формирањето на сопствени вооружение сили.

Меѓународно-правниот субјективитет на државата дефинитивно беше потврден на 8 април 1993 година, кога со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, беше примена како 181. полноправна членка на Светската организација.

Поради противењето и притисоците од страна на Грција, која не го прифаќаше уставното име на Република Македонија, зачленувањето во ОН беше под привремената референца: Поранешна Југословенска Република Македонија.

Честитки од политичарите со порака за обединување

Претседателката Гордана Силјановска Давкова упати честитка по повод 8-ми Септември – Денот на независноста на Македонија во која порачува дека имаме генерациска одговорност да ги завршиме неодложните задачи: да ги искорениме криминалот и корупцијата, да воспоставиме бескомпромисно владеење на правото и да изградиме мирно и праведно општество на рамноправни и еднакви граѓани.

Претседателката Гордана Силјановска – Давкова

Таа потенцира дека во изминатите три и пол децении се соочивме со тешки искушенија, блокади и двојни стандарди, коишто стимулираа несакани внатрешни процеси и проблеми.

„Еден од најголемите е иселувањето на младите луѓе во потрага по подобар живот. Со секое заминување се прекинува нишка во нашето ткиво, а секоја празна училишна клупа е молчалив потсетник дека ги губиме оние кои беа и сѐ уште се нашата најголема надеж. Болната вистина не смее да нè парализира, туку мора да нè мобилизира. Државата не е само систем на институции. Луѓето се државата. Имаме генерациска одговорност да ги завршиме неодложните задачи: да ги искорениме криминалот и корупцијата, да воспоставиме бескомпромисно владеење на правото и да изградиме мирно и праведно општество на рамноправни и еднакви граѓани, независно дали се Македонци, Албанци, Турци, Власи, Срби, Роми, Бошњаци и други. Асномскиот завет нѐ учи:  „Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме“. Никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!  Повеќе од кога било порано, денес ни е потребна проактивна, конструктивна  надеж, верба дека со сопствени сили можеме и мораме да ги направиме нештата подобри. Нашата визија е стабилна и напредна европска држава, но пред сè, татковина во која младите нема да пакуваат куфери, туку, тука ќе создаваат семејства и ќе градат иднина“, порачува Силјановска – Давкова.

Премиерот Христијан Мицкоски со видео честитка на која се прикажани македонските убавини го честита 8 Септември, Денот на независнота на Македонија.

Премиерот Христијан Мицкоски

„Среќен роденден, независна и самостојна Македонијо“, објави Мицкоски на Фејсбук.

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, порача дека 8 Септември е круна на повеќедецениска заложба, но и потсетник дека државата се гради секојдневно преку институциите, законите и довербата на граѓаните.

„Државата е нешто што се гради секој ден. Таа се гради со институции, со закони, со одговорност, со економија, со образование, со правда, со остварени граѓани, со среќни семејства кои живеат во таа држава, со доверба во државата и, пред сè, државата се гради со луѓе кои веруваат дека нивната лична иднина е поврзана со заедничката иднина на државата. Додека славиме, не треба да заборавиме дека патот во изминатите 35 години не бил лесен“.

Претседателот на Собранието Африм Гаши

Имаше, оцени Гаши, периоди на успех, но и периоди на кризи.

„Имаше моменти на стабилност, но и моменти на политички и економски потреси. Доживеавме уставни и институционални промени. Поминавме низ тежок економски транзициски процес и трансформација на општеството, додека многу наши граѓани ја напуштија земјата во потрага по подобар живот“.

Според Гаши, државата во иднина треба да биде држава на функционални институции, каде што администрацијата не го гледа граѓанинот како товар, туку како причина за своето постоење, каде што законот се применува еднакво без оглед на припадноста на странката, каде што корупцијата се гледа како порок и каде што сите ја гледаат заедничката европска перспектива.

Честитка упати и претседателот на СДСМ, Венко Филипче, осврнувајќи се на историскиот континуитет на македонската државност и европската иднина на земјата. Тој посочи дека државноста е градена низ генерации, почнувајќи од Илинден и АСНОМ, па сè до референдумот во 1991 година.

Претседателот на СДСМ Венко Филипче

Лидерот на СДСМ нагласи дека секоја генерација имала своја специфична ролја во зачувувањето и развојот на државата.

„Нашата државност не започна во 1991 година, создавана е низ генерации, преку историски, политички и револуционерен континуитет. Од идеалите на Илинден, преку одлуките на АСНОМ со кои беше втемелена македонската државност, до референдумот на 8 Септември и одлуката да продолжиме по патот на независноста. Секоја генерација имала своја историска улога. Илинденската генерација ги постави темелите на борбата за слобода. АСНОМската генерација ја оствари таа цел и ја втемели македонска државност. Генерацијата од 1991 година се избори за независна држава, избирајќи го мирот во време на војни, и ја започна тешката битка за меѓународно признавање. Генерациите потоа решаваа тешки спорови и остварија една од клучните стратешки цели поставени уште од независноста – членството на Македонија во НАТО, го отворија патот кон Европската Унија и го обезбедија македонскиот јазик и идентитет“, наведува Филипче.

Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, нагласи дека оваа годишнина е момент за потсетување на поминатиот пат, но и за дефинирање на идниот правец на државата.

Во своето обраќање, тој се осврна на историскиот контекст и важноста на Охридскиот мировен договор. Тој потенцираше дека настаните од 2001 година го промениле начинот на кој функционира државниот систем.

„Охридскиот мировен договор не измени само одредени уставни одредби. Тој ја промени филозофијата на функционирањето на државата. Ја премести земјата од логиката на доминација на мнозинството кон принципот на соживот, еднаквост и заедничка одговорност. Албанците не бараа друга држава. Напротив, се обврзаа заедно да ја градат оваа држава. Оттогаш, патот не беше лесен. Интеграцијата на една заедница која со децении беше држена настрана од институциите, администрацијата, културата, образованието и јавниот живот не можеше да се случи преку ноќ. Беа потребни реформи, политички напори и, пред сè, промена на начинот на размислување. Во овој процес, Демократската унија за интеграција го гледаше интегрирањето на Албанците и немнозинските заедници не како исклучување на некој друг, туку како градење на пофункционална, подемократска и поправедна држава. Тоа е и суштината на Охридскиот мировен договор“, соопштува тој.

Лидерот на ДУИ исто така изрази загриженост за одредени актуелни процеси во општеството.

„Загрижува кога гледам исклучување во застапеноста, пречки во употребата на јазиците, неинклузивност во културата и јавниот живот или обиди за поткопување и релативизирање на принципите врз кои беше изграден мирот. Треба да бидеме внимателни. Затоа што државите не се ослабуваат со еднаквост. Државите се ослабуваат кога нивните граѓани почнуваат да се чувствуваат исклучени“, предупредува Ахмети.

 

Tags: 35 годиниМакедонијанезависностпрослава
SummarizeShare234

Related Stories

Кос: Очекуваме Северна Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот и да продолжи кон ЕУ

Кос: Очекуваме Северна Македонија да ги внесе Бугарите во Уставот и да продолжи кон ЕУ

by ДЕСК коректив.мк
September 17, 2026
0

Еврокомесарката за проширување Марта Кос порача дека Европската Унија очекува Северна Македонија да ги спроведе уставните измени и да ги вклучи Бугарите во Уставот, како дел од преземените...

По заканата кон Мицкоски, Жерновски објави порака со повик за негово убиство

По заканата кон Мицкоски, Жерновски објави порака со повик за негово убиство

by ДЕСК коректив.мк
September 16, 2026
0

Андреј Жерновски објави порака со директна закана по неговиот живот и побара од надлежните институции да реагираат. Тој на социјалните мрежи ја објави пораката „Нема ли некој да...

СДСМ: Предметот на ДКСК за можен судир на интереси не е истрага за 5,5 милиони евра

СДСМ: Предметот на ДКСК за можен судир на интереси не е истрага за 5,5 милиони евра

by ДЕСК коректив.мк
September 16, 2026
0

СДСМ реагира дека отворањето предмет од Државната комисија за спречување на корупцијата за можен судир на интереси кај едно лице не претставува истрага за начинот на кој биле...

Скопје блесна во ритамот на Гета: „The Monolith“ го претвори Денот на независноста во музички спектакл

Антикорупциска отвори предмет само за судир на интереси на музичарот Мицевски, не и за спонзорството од Лотарија за прославата

by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
0

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не отворила предмет за целосното финансирање на прославата на 35-години независност на Македонија од страна на Државна лотарија, туку појаснува дека...

Next Post
(ВИДЕО) Жена со „порше“ фрла отпад во Лепенец, снимката предизвика бурни реакции

(ВИДЕО) Жена со „порше“ фрла отпад во Лепенец, снимката предизвика бурни реакции

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 10, 2026
35 години македонски спорт: Од рачно испишаното „Македонија“ до европските и светските спортски сцени

35 години македонски спорт: Од рачно испишаното „Македонија“ до европските и светските спортски сцени

September 8, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

September 8, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.