AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
БИРН: Македонски производител на муниција се најде во две истраги за индустриска шпионажа во Србија

БИРН: Македонски производител на муниција се најде во две истраги за индустриска шпионажа во Србија

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 3, 2026
in Истрага
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Македонскиот бизнисмен Шефшет Демировски и неговата компанија АТС Груп се појавуваат во две одделни случаи поврзани со наводна индустриска шпионажа во Србија, открива новото истражување на Балканската истражувачка репортерска мрежа – БИРН, објавено преку „Призма“.

Последниот случај датира од јули 2024 година, кога српските власти уапсиле тројца поранешни инженери на државната фабрика за оружје „Крушик“. Тие биле осомничени дека доставувале доверливи информации за производството на 120-милиметарски минофрлачки гранати до македонската компанија АТС Груп, која е во сопственост на Демировски.

Според истрагата на БИРН, инженерите биле обвинети дека ги пренесувале информациите во периодот кога соработувале со АТС. Случајот, сепак, сè уште е во истражна фаза, а Демировски никогаш не бил обвинет во оваа постапка. И тројцата инженери ја негирале вината, додека од АТС засега не произведуваат минофрлачки гранати од 120 милиметри.

Првиот случај во 2019 година

Името на Демировски во Србија се појавило и неколку години претходно. Во 2019 година тој бил уапсен во Белград под сомнение дека се обидел да дојде до доверливи информации од поранешен инженер на српскиот производител на муниција „Први партизан“.

Според тогашните наводи на српските медиуми, Демировски на инженерот му понудил 30.000 евра, со ветување за уште толкава сума, во замена за информации и спецификации поврзани со производството на муниција од 12,7 милиметри.

Во 2022 година српското обвинителство се откажало од кривичниот прогон во замена за парична казна од 250.000 евра. БИРН сега открива дека, според документите до кои дошле истражувачите, оваа сума не ја уплатил директно Демировски, туку српскиот државјанин Александар Милојевиќ, познат како „Аца Цвеќарот“.

Деталот добива дополнителна тежина поради тоа што Милојевиќ во 2023 година бил меѓу деветтемина обвинети во Србија за наводна вмешаност во мрежа за шверц на кокаин од Јужна Америка кон Европа. Според обвинението, неговите камиони биле користени за транспорт на нелегални пари низ повеќе европски земји.

Од мала фирма до значаен производител

БИРН во истражувањето го следи и развојот на бизнисот на Демировски. АТС Груп денес има три фабрики во Северна Македонија. Првата била отворена во Скопје во 2017 година и произведува шлемови, панцирни елеци и друга заштитна опрема за воени и полициски сили.

Во 2019 година била основана АТС Инженеринг, компанија која произведува машини за производство на муниција, додека во 2020 година Демировски ја купил поранешната фабрика за муниција во Самоков, денес позната како АММО АТС.

Компанијата произведува муниција според НАТО-стандардите во калибри 9 мм, 5,56 мм, 7,62 мм и 12,7 мм, а според извори од одбранбената индустрија цитирани од БИРН, со обемот на производство АТС веќе му конкурира на српскиот „Први партизан“.

Истражувањето наведува дека растот на АТС се случувал со поддршка од македонските власти, при што Демировски во различни периоди имал контакти и поддршка од политичари од повеќе партии. Во 2019 година, тогашниот премиер Зоран Заев присуствувал на отворањето на АТС Инженеринг и ја истакнал компанијата и поради донацијата на полициска опрема во вредност од 50.000 евра.

Подоцна, во 2023 година, фабриката во Самоков ја посетил и тогашниот премиер Димитар Ковачевски.

Соработка со Турција и амбиции во САД

АТС во последните години ги проширува и меѓународните активности. Во март 2025 година македонската компанија потпишала меморандум за соработка со турската државна компанија за одбранбена опрема МКЕ, со планови за отворање нов погон за производство на барут.

БИРН пишува и дека Демировски се обидува да го прошири бизнисот на американскиот пазар. Според неговите претходни изјави, меѓу 40 и 50 отсто од производството на АТС оди во САД, каде што компанијата има филијала во Сент Луис.

За пробивот на американскиот пазар компанијата ангажирала и две лоби-фирми. Едната е поврзана со поранешниот републикански сенатор Дејвид Витер, а другата со Мет Моерс, поранешен советник на Доналд Трамп.

Во Советодавниот одбор на АТС, според истражувањето, има и неколку поранешни високи американски и британски воени лица, меѓу кои пензионираниот американски генерал Џејмс Л. Џонс, поранешен врховен командант на НАТО и советник за национална безбедност на претседателот Барак Обама.

БИРН: Демировски не одговорил на прашањата

Иако истрагата опфаќа повеќе детали за работата на АТС, нејзините врски со Србија, Турција и САД, како и двата случаи поврзани со српската воена индустрија, БИРН нагласува дека Демировски не одговорил на прашањата испратени по службена електронска адреса и преку Вибер.

Истражувањето ја става приказната во контекст на растечката конкуренција меѓу производителите на оружје и муниција на Балканот. Србија има една од најразвиените воени индустрии во регионот, додека АТС во последните години забрзано го зголемува производството и се обидува да се позиционира на западните пазари.

Според БИРН, токму растот на АТС и нејзиното појавување како конкурент на големите српски производители може да биде еден од факторите зад зголеменото внимание кон македонската компанија и нејзиниот сопственик.

Tags: АТСАТС ГрупАца ЦвеќаротбизнисДемировскимуницијаПрви партизанПризмаШефшетшпионажа
SummarizeShare234

Related Stories

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

by Петар Клинчарски
September 14, 2026
0

Сем Вакнин, поранешен советник на експремиерот Никола Груевски, вклучен во креирањето и на македонските економски политики, лажно се претставувал како психитерапевт, нудел психотерапевтски услуги и сеанси кои ги...

Нелегална иранска мрежа за коцкање помогна во избегнување на санкции од 4 милијарди долари

Нелегална иранска мрежа за коцкање помогна во избегнување на санкции од 4 милијарди долари

by ДЕСК коректив.мк
August 1, 2026
0

Еден од најголемите мрежи за нелегално коцкање во светот испраќа крипто валута во вредност од милиони долари преку канцеларија во Дубаи, како дел од операцијата за дејствување на...

Апсења во Турција: 17 лица се приведени во истрага за нелегално обложување и местење натпревари

Апсења во Турција: 17 лица се приведени во истрага за нелегално обложување и местење натпревари

by ДЕСК коректив.мк
July 17, 2026
0

Турските власти во понеделник приведоа 17 функционери на фудбалски клубови како дел од проширената истрага за наводно нелегално обложување и местење натпревари, соопштија официјални лица. Осомничените беа приведени...

Мигрант се самоубил во Визбегово – центарот за баратели на азил без лекари

Мигрант се самоубил во Визбегово – центарот за баратели на азил без лекари

by Петар Клинчарски
July 7, 2026
0

Минатата недела на 28 јуни, 53-годишен мигрант од Пакистан си го одземал животот во кругот на Прифатниот центар за баратели на право на азил во Визбегово, дознава Коректив.мк....

Next Post
ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 10, 2026
Бриселски институт: ЕУ не е подготвена за проширување, но полноправното членство никогаш не било единствениот модел на интеграција

Бриселски институт: ЕУ не е подготвена за проширување, но полноправното членство никогаш не било единствениот модел на интеграција

September 13, 2026

Не пропуштајте

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

September 8, 2026
ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.