AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
„Ниту една повеќе“ со симболичен гроб пред МВР: Институциите добија рок до 10 декември за конкретни мерки

„Ниту една повеќе“ со симболичен гроб пред МВР: Институциите добија рок до 10 декември за конкретни мерки

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 26, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Со едноминутно молчење за убиените жени и девојки, протестен марш низ центарот на Скопје и симболично поставување гроб пред Министерството за внатрешни работи, движењето „Ниту една повеќе“ вчера го одбележа почетокот на кампањата „16 дена активизам против родово базираното насилство“.

Маршот започна во паркот „Жена борец“, продолжи пред Собранието и заврши пред МВР. Таму учесниците истурија земја и направија импровизиран гроб со натпис „Овде почиваат телата на 59 жени жртви на институциите“, како симболичен потсетник за последиците од насилството и институционалните пропусти.

Оваа година во Македонија се регистрирани седум случаи на фемицид. Дополнително, официјалните податоци за првите девет месеци од 2026 година покажуваат 1.337 кривични дела поврзани со семејно насилство, при што 1.144 жени биле жртви.

Од иницијативата и граѓанските организации упатија конкретни барања до институциите, со рок за нивно исполнување до 10 декември, Меѓународниот ден на човековите права. Меѓу нив е итното усвојување на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејното насилство, кои во Собранието се доставени уште на 26 август, како и усвојување на уште осум законски решенија од работната група.

Се бара и најмалку 200 милиони денари за специјализирани услуги и поддршка на жртвите, јавно објавување на заклучоците од собраниската надзорна расправа за родово базираното насилство, со јасни рокови и одговорности, како и повлекување на спорните измени во законите за основно и средно образование и во наставните програми.

Дел од организациите побараа кампањата да не се сведе на протоколарни настани и конференции, туку институциите периодот да го искористат за конкретни политички одлуки, законски промени и обезбедување средства за заштита на жените.

Ова е трет протест за помалку од три недели, по маршот на 8 ноември и блокадата пред Владата на 20 ноември. Организаторките најавија дека доколку барањата не бидат исполнети до 10 декември, повторно ќе излезат пред Собранието, со порака дека борбата против насилството врз жените бара постојана институционална одговорност, а не само декларативни заложби.

Tags: заштитамарш. жениНасилствониту една повеќепротестфемицид
SummarizeShare234

Related Stories

Кривична пријава против 11 лица и приватна болница за двојна наплата на операции на очи, оштетени 4.000 пациенти

Нови правила за боледување од 1 декември: поголема улога на матичните лекари

by ДЕСК коректив.мк
November 28, 2026
0

Од 1 декември во Македонија почнува да се применува новиот Правилник за утврдување привремена спреченост за работа, објавен во Службен весник од Фондот за здравствено осигурување. Измените воведуваат...

СДСМ бара домашното обвинителство да отвори истрага за унгарскиот кредит

СДСМ бара итна седница на Собранието поради насилствата врз жените

by ДЕСК коректив.мк
November 28, 2026
0

Пратениците на СДСМ и коалицијата поднесоа барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, веднаш да свика итна седница за постапувањето на институциите во спречувањето на насилството врз жените...

По две и пол години реакции, Владата ги задолжи институциите да го решаваат проблемот со кравите во Крива Паланка

Кравите од Крива Паланка ќе одат во затвор, Идризово и Прилеп ќе ги згрижуваат во првата фаза

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Добитокот кој со месеци предизвикува проблеми во Крива Паланка наскоро ќе добие ново сместување, и тоа во казнено-поправните домови во Идризово и Прилеп. Ова е предвидено со акцискиот...

Најранливите негодуваат за сѐ почестото доцнење на исплатата на социјална помош

Брзите кредити ќе се исплаќаат само преку трансакциски сметки, се укинува плаќањето во готовина

by ДЕСК коректив.мк
November 27, 2026
0

Граѓаните повеќе нема да можат да подигнуваат или да враќаат пари во готовина во финансиските друштва. Со новиот Закон за финансиски друштва се предвидува сите уплати и исплати...

Next Post
Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Рокас: И по уставните измени можна е блокада од земја членка, но ЕУ сака брзо отворање на преговорите

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

Се отворија шалтерите на „Алта банка“ во Битола, неколкупати интервенираше Итната помош

November 5, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.