AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Мигрант се самоубил во Визбегово – центарот за баратели на азил без лекари

Илустрација / ФОТО: Pexels.com by Ianmer Basio

Мигрант се самоубил во Визбегово – центарот за баратели на азил без лекари

Петар Клинчарски by Петар Клинчарски
July 7, 2026
in Истрага
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Минатата недела на 28 јуни, 53-годишен мигрант од Пакистан си го одземал животот во кругот на Прифатниот центар за баратели на право на азил во Визбегово, дознава Коректив.мк.

Од Министерството за социјална политика, демографија и млади, под чија капа е Центарот, потврдуваат дека е регистриран смртен случај на барател на азил сместен во Визбегово. Веднаш биле повикани надлежни институции, Итна медицинска помош и МВР.

„За утврдување на околностите и причините на настанот се надлежни органите на истрага на кои ние како Министерство заедно со Прифатниот центар им стоиме на располагање со целокупната документација и информации со кои располагаме. По настанот веднаш беа известени надлежните институции. Министерството и Прифатниот центар обезбедуваат целосна соработка во текот на постапката“, велат од министерството.

Но, приказната добиа поинаква тежина ако се земе во предвид и здравствениот момент на починатиот.

Мигрантот од Пакистан е префрлен во Визбегово од Транзитниот центар Табановце кој служи како прифатен центар за мигранти и баратели на азил во близина на македонско-српската граница. Неговото сместување во Визбегово според протоколите треба да биде придружено со медицинска потврда за неговата здравствена состојба од кој центар и да доаѓа. Според информации од терен, уште при престојот во Табановце во разговор со доктор, кај него било нотирано нарушено психичко здравје.

Информациите на Коректив.мк говорат дека во рамки на Прифатниот центар во Визбегово нема доктори кои можат да им пружат здравствена и психолошка поддршка на мигрантите. Прашавме во министерството дали тие и Прифатниот центар во Визбегово биле известени за медицинската историја на Пакистанецот при неговиот трансфер од Табановце и зошто Центарот во Визбегово функционира без постојан дежурен лекар или медицински тим за 24-часовен надзор. Конкретен одговор не добивме.

„Сместувањето на барателите на азил во Прифатниот центар се врши врз основа на решение на надлежниот Центар за социјална работа, согласно Законот за социјална заштита. При приемот на корисникот се прима и расположливата документација што го придружува предметот, согласно утврдените процедури. Поради законската обврска за заштита на личните податоци и доверливоста на здравствената документација, Министерството не може да коментира информации што се однесуваат на здравствената состојба на конкретно лице“, одговорија од министерството.

Но, од таму не даваат ниту конкретно образложение како Министерството ја оправдува практиката Прифатниот центар во Визбегово да функционира без постојан лекар, со оглед на тоа што таму се сместуваат ранливи категории граѓани и баратели на азил со тешки трауми.

„Прифатниот центар е установа за сместување и социјална заштита на баратели на азил. Законот за социјална заштита предвидува обезбедување здравствена заштита на корисниците согласно нивните потреби, додека здравствените услуги се обезбедуваат преку надлежниот здравствен систем и здравствени установи. Прифатниот центар постапува согласно законските надлежности и воспоставените процедури за обезбедување пристап до здравствена заштита“, велат од социјална политика.

На прашањето какви итни мерки ќе се преземат за да се обезбеди континуирана медицинска и психолошка помош во објектот по овој трагичен настан, од ресорот со кој раководи Фатмир Лимани велат дека ќе ги разгледаат наодите од надлежните органи и доколку има основ ќе преземат мерки за унапредување на системот.

Tags: визбеговомигрантиприфатни центри
SummarizeShare234

Related Stories

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

by Петар Клинчарски
September 14, 2026
0

Сем Вакнин, поранешен советник на експремиерот Никола Груевски, вклучен во креирањето и на македонските економски политики, лажно се претставувал како психитерапевт, нудел психотерапевтски услуги и сеанси кои ги...

БИРН: Македонски производител на муниција се најде во две истраги за индустриска шпионажа во Србија

БИРН: Македонски производител на муниција се најде во две истраги за индустриска шпионажа во Србија

by ДЕСК коректив.мк
September 3, 2026
0

Македонскиот бизнисмен Шефшет Демировски и неговата компанија АТС Груп се појавуваат во две одделни случаи поврзани со наводна индустриска шпионажа во Србија, открива новото истражување на Балканската истражувачка...

Нелегална иранска мрежа за коцкање помогна во избегнување на санкции од 4 милијарди долари

Нелегална иранска мрежа за коцкање помогна во избегнување на санкции од 4 милијарди долари

by ДЕСК коректив.мк
August 1, 2026
0

Еден од најголемите мрежи за нелегално коцкање во светот испраќа крипто валута во вредност од милиони долари преку канцеларија во Дубаи, како дел од операцијата за дејствување на...

Апсења во Турција: 17 лица се приведени во истрага за нелегално обложување и местење натпревари

Апсења во Турција: 17 лица се приведени во истрага за нелегално обложување и местење натпревари

by ДЕСК коректив.мк
July 17, 2026
0

Турските власти во понеделник приведоа 17 функционери на фудбалски клубови како дел од проширената истрага за наводно нелегално обложување и местење натпревари, соопштија официјални лица. Осомничените беа приведени...

Next Post
ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

September 10, 2026
Бриселски институт: ЕУ не е подготвена за проширување, но полноправното членство никогаш не било единствениот модел на интеграција

Бриселски институт: ЕУ не е подготвена за проширување, но полноправното членство никогаш не било единствениот модел на интеграција

September 13, 2026

Не пропуштајте

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

Државата во облак, јавноста во магла: што ни покажа Пехчево за дата-центрите

September 8, 2026
ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.