AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Богданци организира протест за Билјана, граѓаните бараат правда и институционална одговорност за фемицидот

„Ниту една повеќе“ повикува на протест по убиството на 17-годишната Билјана: Бараме одговорност, не сочувство

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Неформалната иницијатива „Ниту една повеќе!“ организира протестен марш во недела, 8 ноември, со почеток во 12 часот во паркот „Жена Борец“ во Скопје, против фемицидите, институционалното насилство и неказнивоста.

Повод за протестот е и убиството на 17-годишната Билјана Кириќ од Богданци, која, според организаторите, претходно пријавила насилство и закани по живот, а биле изречени и мерки за заштита.

„Билјана е девојче од 17 години. Пријавила насилство и закани по живот. Биле изречени мерки за заштита. Денес е мртва“, наведуваат од иницијативата, посочувајќи дека случајот повторно ги отвора прашањата за институционалното непостапување, задоцнетите реакции и недоволната заштита на жените и девојките.

Организаторите потсетуваат и на имињата на други жени и девојки кои биле жртви на фемицид – Рамајана, Росица, Танкица, Ивана и Катја, прашувајќи уште колку жртви се потребни за институциите да преземат одговорност.

Протестниот марш ќе започне од паркот „Жена Борец“, ќе продолжи покрај Собранието и Министерството за правда, а ќе заврши пред Министерството за образование и наука.

Од иницијативата бараат целосна и транспарентна истрага за убиството на Билјана и утврдување одговорност за сите институционални пропусти, како и итно поднесување и усвојување на измените на Законот за спречување и заштита од насилство врз жените и семејно насилство, кои биле поднесени во Собранието во август.

Меѓу барањата се и враќање на поимот род во законите, упатствата и програмите од кои бил избришан, како и разрешување од јавни и раководни функции на лицата кои повикуваат на контрола врз жените или го оправдуваат и нормализираат насилството врз нив.

„Не бараме сочувство. Бараме одговорност“, порачуваат организаторите.

Од иницијативата нагласуваат дека протестот е граѓански и не е простор за партиска промоција. Поради тоа, политичките претставници, партиските обележја, знамињата и настапите не се добредојдени.

Tags: билјана кириќниту една повеќепротест
SummarizeShare234

Related Stories

ОБСЕ е подготвена да помогне во реформите и евроинтеграциите на Македонија, порача Касис на средбата со Муцунски

ОБСЕ е подготвена да помогне во реформите и евроинтеграциите на Македонија, порача Касис на средбата со Муцунски

by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
0

Швајцарија останува посветена на поддршката за европската интеграција на Македонија, спроведувањето на реформите и економскиот развој на земјата. Ова го порача швајцарскиот министер за надворешни работи и актуелен...

Можно е да не функционираат дел од банкарските услуги викендов, банките се подготвуваат за нови правила

Можно е да не функционираат дел од банкарските услуги викендов, банките се подготвуваат за нови правила

by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
0

Сите банки во земјава претстојниот викенд ќе вршат планирани технички прилагодувања на своите системи, поради што можно е привремено да бидат недостапни или ограничени дел од банкарските услуги,...

Форумот за образовни промени го тужи МОН за студентскиот оброк, бара 300.000 евра за студентите

Форумот за образовни промени го тужи МОН за студентскиот оброк, бара 300.000 евра за студентите

by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
0

Здружението „Форум за образовни промени“ поднесе тужба против Министерството за образование и наука (МОН), обвинувајќи го дека три години не ја исполнува законската обврска за усогласување на износот...

Црвен картон за говорот на омраза во македонскиот фудбал

Велешанецот осомничен дека продавал лажна „кубанска вакцина“ против рак доби забрана да го напушта живеалиштето

by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
0

Четириесет и седумгодишниот М.А. од Велес, осомничен дека на пациенти со карцином им давал инјекции претставувајќи ги како „кубанска вакцина против рак“, добил дополнителни мерки за претпазливост, односно...

Next Post
Македонија повторно заглавена на европскиот пат: Нема уставни измени, корупцијата и судството остануваат сериозен проблем

Франција би можела да го закочи проширувањето на ЕУ, референдумот за нови членки е голема пречка

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.