AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Ноќна акција на полицијата во Скопје: Приведени лица за финансиски криминал при регистрација на возила

Им давале заеми, па ги принудувале да им ги отстапат сметките и автомобилите – ОЈО објави детали за криминалната група од Куманово

Четири лица се под истрага за злосторничко здружување, изнуда и перење пари, а осомничен е и нотар кој заверувал фиктивни договори. Групата, според обвинителството, ги уценувала луѓето од кои претходно позајмувала пари, барајќи им дополнителни суми и користејќи ги нивните сметки за прикривање на криминално стекнати пари

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
in Хроника
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица под сомнение дека биле дел од злосторничко здружение кое со закани изнудувало пари од граѓани и вршело перење пари. Групата, според информациите, ја предводел Драган Петровски од Куманово, познат како Штука, а криминалните активности траеле од 2021 година.

За тројца од осомничените обвинителството побарало притвор од Основниот кривичен суд Скопје, додека четвртиот подолг период се наоѓа надвор од државата. Во предметот е опфатен и нотар, кој се сомничи за несовесно работење во службата, а за него е предложено определување мерки на претпазливост.

Голема полициска акција во Куманово, уапсен Драган Петровски – Штука

Според истрагата, групата ги избирала жртвите меѓу луѓе кои претходно позајмувале пари од организаторот. Иако оштетените ги враќале договорените суми, осомничените продолжувале да им бараат дополнителни исплати, најчесто под изговор дека должат камата. Преку закани и притисоци ги принудувале да им отстапат пари, имот или банкарски сметки за префрлање на средства стекнати со изнуда.

Еден од случаите опишани во истрагата се однесува на жена која од првоосомничениот позајмила 4.000 евра, со договор парите да ги врати за еден месец, заедно со 2.500 евра камата. Иако таа го исплатила целиот договорен износ, осомничениот подоцна побарал да ја користи нејзината банкарска сметка за да пушта во оптек пари прибавени со изнуда.

Откако жената одбила, почнале заканите. Осомничениот побарал да го стави нејзиниот автомобил како залог за наводни долгови. За таа цел биле изготвени фиктивен договор за купопродажба на возилото и уште еден договор за заем во износ од еден милион денари.

Според обвинителството, потписот на жената бил фалсификуван на двата документа, кои потоа биле заверени на нотар без нејзино знаење и согласност. Нотарот кој ги заверил документите сега е осомничен за несовесно работење во службата.

Со ваквата документација, групата повторно ѝ се заканувала на жената да го предаде автомобилот и да го исплати наводниот долг. Сопственоста на возилото била префрлена на еден од осомничените, а оштетената на крајот била принудена да им го предаде автомобилот и да го исплати и фиктивниот паричен долг.

Другиот случај се однесува на маж кој во 2021 година, во два наврати, позајмил по 180.000 денари од осомничениот организатор на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако ги вратил позајмените средства, осомничените продолжиле да бараат дополнителни исплати наводно по основ на камата.

Според истрагата, искористувајќи ја неговата финансиска зависност, го принудиле да ја стави на располагање својата банкарска сметка. Преку неа биле префрлани големи суми пари стекнати со изнуда, кои формално биле прикажувани како заеми, а потоа биле подигнувани во готовина.

Обвинителството информира дека истражната постапка продолжува, а треба да се утврдат сите околности и улогата на осомничените во дејствијата што им се ставаат на товар. Сите лица се сметаат за невини до правосилна судска одлука.

Tags: криминална групакумановоОЈО
SummarizeShare234

Related Stories

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,14 милиони евра

Притвор за двајца осомничени од групата од Куманово, еден во куќен притвор, а четвртиот доби мерки на претпазливост

by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
0

Основниот кривичен суд Скопје определи притвор до 30 дена за двајца осомничени во истрагата против кумановската група осомничена за перење пари и изнуда. За трет осомничен е одреден...

По две години бегство, осуден дилер фатен во Арачиново

Голема полициска акција во Куманово, уапсен Драган Петровски – Штука

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Драган Петровски, познат како Штука, е меѓу уапсените во големата полициска акција што утрово се спроведе во Куманово и околината. Акцијата е насочена кон група осомничена за изнуда,...

МВР и АНБ истражуваат 20-тина портали и поединци за ширење говор на омраза за спорот меѓу Македонија и Бугарија

Преку менување податоци во студентскиот е-индекс на УГД заработиле 21.000 евра, притвор за двајца вработени на универзитетот

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Двајца вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип се осомничени дека во период од пет години манипулирале со податоците во електронскиот систем за студентски индекси, со што се...

Црвен картон за говорот на омраза во македонскиот фудбал

ОЈО: Првичните индиции за случајот со двете тела кај Богданци упатуваат на убиство и самоубиство

by ДЕСК коректив.мк
November 4, 2026
0

Првичните сознанија од истрагата за двата смртни случаи кај Богданци упатуваат на убиство и самоубиство, но Основното јавно обвинителство Гевгелија најавува дека ќе ги испита сите околности на...

Next Post
ОБСЕ е подготвена да помогне во реформите и евроинтеграциите на Македонија, порача Касис на средбата со Муцунски

ОБСЕ е подготвена да помогне во реформите и евроинтеграциите на Македонија, порача Касис на средбата со Муцунски

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.