AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Над 600.000 граѓани протестираа низ Франција, бараат повисоки плати и подобри услови за живот

Над 600.000 граѓани протестираа низ Франција, бараат повисоки плати и подобри услови за живот

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Повеќе од 600.000 луѓе излегоа на улиците низ Франција на масовни протести и штрајкови, барајќи зголемување на платите, подобрување на животниот стандард и поголеми вложувања во јавните услуги. Демонстрациите се одржаа во повеќе од 200 градови и населени места, а во нив учествуваа работници, студенти, наставници, пензионери и претставници на синдикатите.

Според податоците на француското Министерство за внатрешни работи, на протестите учествувале околу 575.000 граѓани, додека најголемиот синдикат ЦГТ објави дека бројката достигнала речиси 1,6 милиони луѓе. Разликата во проценките доаѓа од различната методологија на броење, но двете страни потврдуваат дека станува збор за една од најмасовните мобилизации во последниот период.

Главните барања на демонстрантите се повисоки плати, зголемување на минималната плата, подобри работнички права и дополнително финансирање на образованието, здравството и другите јавни служби. Синдикатите предупредуваат дека трошоците за живот продолжуваат да растат, додека примањата не го следат истиот тренд. Тие бараат и поголема заштита на работните места по најавите за отпуштања во повеќе сектори.

Масовни собири имаше во Париз, Лион, Марсеј и Нант, а протестното движење доби поддршка и од студентите, кои веќе неколку недели бараат подобри услови во училиштата и универзитетите, повеќе наставен кадар и поголеми буџети за образованието.

Поради протестите, дел од училиштата беа затворени или работеа со ограничен капацитет, а беа регистрирани и прекини во јавниот превоз. Штрајкот го погоди и енергетскиот сектор, додека познатата туристичка атракција Ајфеловата кула во Париз остана затворена.

Иако најголемиот дел од демонстрациите поминаа мирно, во неколку градови имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите. Министерството за внатрешни работи соопшти дека биле уапсени најмалку 448 лица, а повредени биле 53 припадници на безбедносните сили. За обезбедување на протестите низ земјата беа ангажирани околу 70.000 полицајци и жандарми.

Генералната конфедерација на трудот (ЦГТ), која беше меѓу организаторите, оцени дека штрајкот бил исклучително успешен. Нејзината претседателка Софи Бине порача дека синдикатите нема да се откажат од барањата и повика на зголемување на минималната плата за 10 проценти.

Протестите претставуваат дополнителен притисок врз француската влада на претседателот Емануел Макрон, во период на растечко незадоволство поради економската состојба, јавните услуги и неизвесноста на пазарот на трудот.

Како одговор на синдикалните барања, премиерот Себастијан Лекорну најави средба со претставници на синдикатите и работодавачите, закажана за 9 ноември, на која треба да се разговара за платите и условите за работа.

Tags: ЛекорнуМакронПлатиподобар животпротестистандардФранција
SummarizeShare234

Related Stories

Кој ќе биде новиот премиер на Србија?

Студентската листа освои 140 места во српскиот парламент, листата на Вучиќ доби 103 пратеници

by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
0

Републичката изборна комисија (РИК) на Србија денеска донесе одлука за распределба на пратеничките мандати во новиот состав на парламентот, по вонредните парламентарни избори одржани на 25 октомври. Најголем...

Притвор до 30 дена за командантот на САЈ Жмириќ и уште осуммина осомничени за малтретирање студенти во Србија

Притвор до 30 дена за командантот на САЈ Жмириќ и уште осуммина осомничени за малтретирање студенти во Србија

by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
0

Првиот основен суд во Белград им одреди притвор до 30 дена на командантот на Специјалната антитерористичка единица (САЈ), Игор Жмириќ, и на уште осум сегашни и поранешни припадници...

Трамп најави можен договор за крај на војната во Украина по разговорите со претставник на Путин

Трамп најави можен договор за крај на војната во Украина по разговорите со претставник на Путин

by ДЕСК коректив.мк
November 6, 2026
0

Американскиот претседател Доналд Трамп најави можност за постигнување договор со кој би се ставил крај на војната во Украина, по средбата со рускиот претставник во Белата куќа. Разговорите...

САД бараат гаранции дека Техеран нема да има нуклеарно оружје, Трамп очекува војната да заврши наскоро

„Волстрит журнал“: Трамп ги занемарил предупредувањата за изборниот пораз, фокусот му бил на надворешната политика

by ДЕСК коректив.мк
November 5, 2026
0

Американскиот претседател Доналд Трамп ги отфрлал предупредувањата на своите советници за незадоволството на гласачите од високите трошоци за живот и можниот изборен пораз на републиканците, додека поголем дел...

Next Post
Богданци организира протест за Билјана, граѓаните бараат правда и институционална одговорност за фемицидот

Богданци организира протест за Билјана, граѓаните бараат правда и институционална одговорност за фемицидот

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум посветен на јавниот интерес. Ја следиме работата
на властите и институциите, го истражуваме влијанието на моќните поединци и деловни структури
и откриваме злоупотреби што му нанесуваат штета на општеството. Нашата улога е да бидеме
коректив на моќта — да проверуваме, да преиспитуваме и да бараме одговорност.
Веруваме дека јавноста има право да знае како се носат одлуките, како се трошат јавните пари и
чии интереси стојат зад постапките на оние што располагаат со моќ. Затоа поставуваме прашања
и тогаш кога одговорите се непријатни, а молкот им одговара на влијателните.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.