Искра Хаџи Василева е избрана за нова шефица на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, неофицијално дознава ТВ21. Таа освои најголема поддршка на денешното гласање, на кое јавните обвинители избираа меѓу пет кандидати.
Право на глас имаа вкупно 187 јавни обвинители од целата држава. Гласањето се одвиваше непосредно и тајно, во периодот од 8 до 16 часот.
Покрај Хаџи Василева, во трката за раководната позиција учествуваа Фатон Азизи од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Трајче Пеливанов и Јован Цветановски од Вишото јавно обвинителство Скопје, како и Лидија Раичевиќ од Основното јавно обвинителство Скопје.
Изборот се спроведува поради истекувањето на мандатот на досегашниот шеф на обвинителството, Ислам Абази, кој беше избран во 2022 година и не се кандидираше за нов мандат.
Во програмите што ги презентираа пред Советот на јавните обвинители, кандидатите најавија дека ќе се залагаат за поинтензивни финансиски истраги, поодлучно постапување во случаите на корупција и поголема самостојност во работата на обвинителството






