ИТ-системите на Долниот дом на италијанскиот парламент биле цел на сајбер напад во изминатите денови, а меѓу таргетираните адреси била и парламентарната е-пошта на премиерката Џорџа Мелони, потврдил парламентарен извор за „Ројтерс“.
Засега не е познато дали хакерите успеале да пристапат до електронската пошта на Мелони. Изворот посочил дека безбедноста на системите не била загрозена, бидејќи биле активирани сите потребни заштитни механизми.
Од кабинетот на италијанската премиерка дополнително појасниле дека станува збор за парламентарна е-пошта што Мелони не ја користи за официјална владина комуникација.
Според информациите, сајбер нападот не бил ограничен само на е-поштата на премиерката. Мета биле и други претставници во Долниот дом на парламентот, како и други институции.






