AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Организации во Србија бараат одземање на лиценцата на „Информер“, Вучиќ најави самоорганизирање на поддржувачите на СНС

Фото: Принтскрин, ТВ Информер

Организации во Србија бараат одземање на лиценцата на „Информер“, Вучиќ најави самоорганизирање на поддржувачите на СНС

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Граѓански организации, медиумски здруженија и претставници на студиите по новинарство од универзитетите во Белград, Нови Сад и Ниш поднесоа иницијатива до Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ) во Србија, за одземање на лиценцата за емитување на телевизијата Информер.

Како што објави Независното здружение на новинари на Србија (НУНС), иницијативата е поднесена поради, како што наведуваат, повеќегодишно и систематско кршење на законите и програмските обврски, за кои РЕМ досега не изрекол санкции, пренесува Н1.

Барањето доаѓа по инцидентот од синоќа во Белград, кога група демонстранти се судрија со полицијата пред телевизијата Информер, откако претходно влегоа во објектот и го прекинаа емитувањето на програмата.

По настаните реагираше и Александар Вучиќ, кој изјави дека поддржувачите на Српската напредна партија (СНС) ќе мора да се самоорганизираат доколку државните органи не преземат мерки.

„Доколку државата не реагира, ќе мора да донесеме свои одлуки во наредните денови. И никогаш не двоумете се да донесете таква одлука“, рече Вучиќ, додавајќи дека партиските поддржувачи би биле принудени да се самоорганизираат доколку, според него, продолжат нападите врз луѓето кои размислуваат поинаку.

Тој побара од државните институции да реагираат и го осуди упадот во телевизијата, оценувајќи го како насилство врз вработените. Вучиќ тврдеше дека интервенцијата на полициската бригада го спасила животот на уредникот на Информер, Драган Вучиќевиќ.

Од друга страна, Студентската листа соопшти дека не ги поддржува упадите во медиумите и институциите, ниту повикува на такви постапки. Од таму посочија дека борбата за слобода на медиумите и професионално новинарство треба да се води институционално.

Tags: Александар Вучиќинформерлиценцасрбија
SummarizeShare234

Related Stories

Сајбер напад врз италијанскиот парламент, мета бил и мејлот на премиерката Мелони

Сајбер напад врз италијанскиот парламент, мета бил и мејлот на премиерката Мелони

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

ИТ-системите на Долниот дом на италијанскиот парламент биле цел на сајбер напад во изминатите денови, а меѓу таргетираните адреси била и парламентарната е-пошта на премиерката Џорџа Мелони, потврдил...

Повеќе европски и азиски земји ги предупредија граѓаните во Франција: Бегајте од протести и големи собири

Ако еден крши, сите плаќаат: Франција предлага казни до 10.000 евра за учесници во немири

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

Новиот француски закон со кој се предвидуваат казни до 10.000 евра за учесниците во немири кои предизвикуваат материјална штета предизвика остри реакции кај организациите за човекови права и...

Израелците гласаат: што со иднината на Нетанјаху?

Израелците гласаат: што со иднината на Нетанјаху?

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

Израелските граѓани денеска гласаат на парламентарни избори на кои во центарот на вниманието е политичката иднина на премиерот Бенјамин Нетанјаху. Неговиот главен предизвикувач е Гади Ајзенкот, поранешен началник...

Се огласи сопругата на Вучиќ: Завршува едно поглавје во мојот живот

Се огласи сопругата на Вучиќ: Завршува едно поглавје во мојот живот

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

Сопругата на Александар Вучиќ, Тамара, по неговиот изборен пораз се огласи на Инстаграм. Таа објави опширна порака во која се осврна на годините поминати како прва дама на...

Next Post
Службениот „мерцедес“ на заменик директорот на Државна лотарија, Ахмет Мифтари запален доцна синоќа

За пет дена, два смртни случаи со траги од насилство во Ѓорче Петров

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.