AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Ива Михајлова стигнала во Бугарија со судска забрана и без граничен запис

Ива Михајлова - илустрација

Ива Михајлова стигнала во Бугарија со судска забрана и без граничен запис

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
October 12, 2026
in Анализа
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Ива Михајлова, обвинета за сообраќајна несреќа со смртни последици, се појави во Бугарија и соопшти дека македонско-бугарската граница ја преминала легално. Но, според официјалните проверки на двете држави, таа ниту излегла од Македонија ниту легално влегла во Бугарија.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека извршило проверки во системот за гранична контрола, но дека за Михајлова нема евидентиран излез од територијата на Македонија. Проверката не завршила само во македонскиот систем.

„Преку Заедничкиот контакт-центар со Република Бугарија, извршени се проверки и од страна на бугарската гранична полиција, од каде што е добиена информација дека за наведеното лице нема евидентиран легален влез на територијата на Република Бугарија“, соопшти попладнево МВР.

Според податоците од граничните евиденции, информира министерството, последен пат Михајлова остварила влез во Бугарија во септември 2025 година, додека во октомври 2025 година е евидентиран нејзин излез од Бугарија, односно влез во Македонија.

По информацијата дека Михајлова е во Бугарија се огласи и Јавното обвинителство. Оттаму соопштија дека уште на 9 октомври 2025 година, по предлог на јавен обвинител, на обвинетата ѝ биле одземени двете патни исправи – македонскиот и бугарскиот пасош.

Покрај одземањето на пасошите, ѝ била изречена забрана за преминување на државната граница со лична карта, забрана за напуштање на Кочани и обврска редовно да се јавува кај службено лице.

Од Обвинителството велат дека надлежниот јавен обвинител ги презел сите чекори што биле во негова надлежност за обезбедување на присуството на Михајлова во постапката. Токму опасноста таа да побегне, според ОЈО, била една од клучните причини поради кои обвинителството повеќепати давало негативно мислење на нејзините барања да ѝ биде вратена патната исправа.

БГНЕС: Ива Михајлова пристигна во Бугарија

Со други зборови, можноста Михајлова да ја напушти државата не била непредвидена. Таа била препознаена најмалку една година претходно, поради што биле определени неколку паралелни мерки: одземање на двата пасоша, блокирање на можноста за патување со лична карта, ограничување на движењето на територијата на Кочани и редовно јавување кај службено лице.

Сепак, ниту една од нив не го спречила нејзиното заминување.

Другата страна го тврди спротивното

Наспроти податоците на македонското МВР и бугарската гранична полиција стои верзијата на Михајлова и на нејзиниот бугарски адвокат Николај Димитров.

Михајлова изјави дека границата ја преминала легално во придружба на адвокатот. Според нивното објаснување, на македонската страна ја покажала македонската лична карта, а на бугарската страна приложила бугарски документ.

Но, тоа објаснување отвора повеќе прашања отколку што дава одговори.

На Михајлова изречно ѝ било забрането да ја премине границата со лична карта. Затоа, дури и ако физички поминала низ официјален граничен премин и ако службени лица ги погледнале нејзините документи, тоа само по себе не значи дека преминувањето било законско. Без нова судска одлука со која мерката би била укината или изменета, нејзиното напуштање на државата би било спротивно на важечката забрана.

Дополнително, бугарскиот пасош, според ОЈО, бил одземен заедно со македонскиот. Оттука произлегува и прашањето каков бугарски документ покажала при наводниот влез во Бугарија и зошто таквиот влез не е регистриран во системот на бугарската гранична полиција.

Особено значајна е изјавата на адвокатот дека не сака да открие преку кој граничен премин минале за да не им создаде проблеми на луѓето што им помогнале.

Постапката против Михајлова подолго време не е само кривичен предмет. Таа стана и политичко прашање меѓу Скопје и Софија. Михајлова, која има македонско и бугарско државјанство, е обвинета за тешко дело против безбедноста во сообраќајот по несреќа на патот Кочани–Штип во која едно лице загинало, а повеќе лица биле повредени. Таа ја оспорува вината и во текот на постапката бараше да замине на лекување во Бугарија.

Основниот суд во Кочани го одби нејзиното барање за враќање на пасошите, а таквата одлука беше потврдена и од Апелацискиот суд во Штип. Судот оценил дека не било доволно докажано оти предложената медицинска процедура во Бугарија е итна и неопходна, како и дека лекување може да добие и во Македонија.

Од друга страна, бугарски политичари и институции го претставуваа случајот како прашање на правото на лекување на бугарска државјанка. Бугарски пратеници присуствуваа на судските рочишта, а предметот доби и поширока политичка димензија во односите меѓу двете држави.

Бугарското Министерство за надворешни работи соопшти дека не било однапред информирано и дека не учествувало во организацијата на нејзиното пристигнување. Тоа засега не дава основа да се тврди дека заминувањето било организирано од бугарската држава, но не ја исклучува можноста Михајлова и нејзиниот адвокат да добиле помош од поединци.

Tags: бегствобугаријаграничен преминива мијајлова
SummarizeShare236

Related Stories

Станбената криза – социјален и политички предизвик и дома и во Европа

Станбената криза – социјален и политички предизвик и дома и во Европа

by ДЕСК коректив.мк
October 11, 2026
0

Растот на цените на недвижностите во Европа предизвика масовно незадоволство меѓу граѓаните. Илјадници луѓе излегоа на улиците во градови како Лисабон, Порто, Авеиро и Брага во организација на...

Како ФБИ ги фати браќата од Косово кои го водеа пазарот за украдени идентитети

Како ФБИ ги фати браќата од Косово кои го водеа пазарот за украдени идентитети

by ДЕСК коректив.мк
October 3, 2026
0

Во ноември 2022 година, нов корисник отворил сметка на платформата Rydox, каде што депонирал криптовалута во вредност од 300 американски долари. Потоа купил околу 40 пакети од оваа...

„Мој Термин“ 738 дена без договор за одржување, ДЗР утврди сериозни слабости

„Мој Термин“ 738 дена без договор за одржување, ДЗР утврди сериозни слабости

by ДЕСК коректив.мк
October 1, 2026
0

Системот „Мој Термин“ во периодот од јануари 2021 до април 2026 година бил дури 738 дена без договор за одржување, што претставува 37,9 проценти од анализираниот период. Ова...

Новите електрични автобуси ќе имаат помалку седишта од донираните, Икарус и Зонтонг заеднички избрани

Новите електрични автобуси ќе имаат помалку седишта од донираните, Икарус и Зонтонг заеднички избрани

by ДЕСК коректив.мк
September 30, 2026
0

Новите 150 електрични автобуси што треба да ги добијат Скопје и други градови во земјава ќе имаат најмалку 33 седишта, односно околу 30 седишта помалку во споредба со...

Next Post
Со факели, огномет и чадни бомби, Артан Груби пречекан во Чаир по излегувањето од куќен притвор

Со факели, огномет и чадни бомби, Артан Груби пречекан во Чаир по излегувањето од куќен притвор

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.