AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Рокас: Владеењето на правото е клучен предуслов за успешна евроинтеграција

Михалис Рокас - Амбасадор на ЕУ во Северна Македонија

Рокас: Владеењето на правото е клучен предуслов за успешна евроинтеграција

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
July 23, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Амбасадорот на Европската Унија во земјава, Михалис Рокас, денеска порача дека ЕУ останува целосно посветена на европската перспектива на Северна Македонија и нема никакво сомневање дека на државата се гледа како на идна членка на Унијата.

-Не треба да имате никакво сомневање дека Европската комисија е целосно посветена да ја види вашата земја како полноправна членка на ЕУ, рече Рокас, обраќајќи се на седница на Националниот совет за евроинтеграции, посветена на клучните аспекти на процесот на европска интеграција.

Тој истакна дека процесот на проширување е во полн ек и дека секојдневно се бележат нови позитивни случувања. Рокас посочи дека во изминатиот период биле одржани повеќе меѓувладини конференции со Албанија, Украина, Молдавија и Црна Гора, при што биле отворени нови и затворени повеќе преговарачки поглавја. Според него, тоа претставува нов момент во политиката на проширување на ЕУ, а особено е видлив напредокот што го постигнува Црна Гора.

Осврнувајќи се на дебатите во Европската Унија за проширувањето, Рокас нагласи дека биле анализирани и финансиските аспекти на процесот. Тој посочи дека, според изработена студија за случајот на Црна Гора, трошоците за проширувањето би изнесувале помалку од едно евро дневно по граѓанин, што, како што рече, покажува дека процесот е финансиски одржлив.

-Франција и Германија беа двигатели на оваа иницијатива, а целта е заедничка за сите: да се забрза процесот на пристапување, да се исполнат сите неопходни предуслови, но истовремено и земјите кандидати постепено да добијат поголем пристап до внатрешниот пазар на ЕУ. Токму затоа, паралелно работиме и на тој процес – рече Рокас.

Осврнувајќи се на земјава, Рокас оцени дека покажала капацитет за спроведување реформи. Тој ја поздрави работата на Собранието и донесувањето на повеќе закони, додавајќи дека со поддршка на Делегацијата на Европската Унија институциите можат успешно да се подготват за пристапување во Унијата.

-Без двоумење можам да кажам дека земјата покажа дека има капацитет да спроведува реформи. Би сакал да ја поздравам работата што е завршена во Собранието, особено во однос на законите што се донесуваат во овој дом. Секако, со поддршка на Делегацијата на Европската Унија, сметаме дека успешно можеме да ве подготвиме за пристапување кон ЕУ – додаде Рокас.

Нагласи дека постојат три клучни области на кои земјата треба да остане посветена, а една од нив е владеењето на правото. Рокас истакна дека во овие области не може да има компромис, бидејќи тие се основните критериуми врз кои се темели пристапниот процес.

-Предуслов за отворање на преговарачките поглавја е исполнувањето на строгите критериуми, особено во делот на владеењето на правото и нивната целосна имплементација. Тоа се стандардни процедури што важат за сите земји кандидати – истакна евроамбасадорот.

Тој нагласи дека владеењето на правото ќе остане главниот критериум според кој ќе се оценува напредокот на секоја земја-кандидат, а покрај законодавните реформи, неопходно е, како што рече, да се обезбеди професионална и ефикасна јавна администрација, како и да се пополнат испразнетите позиции во правосудството.

Рокас порача дека е особено важно судството да биде кадровски и финансиски зајакнато и ослободено од политички влијанија. Буџетот, рече тој, треба да обезбеди доволно средства за негово непречено функционирање, бидејќи ефикасното и независно правосудство претставува клучен предуслов за успешна евроинтеграција.

Во извештаите на ЕУ, посочи евроамбасадорот, може да се забележи позитивна оценка за повеќе области и додаде дека политичките партии покажуваат конструктивен пристап и дека постои добра демократска атмосфера.

Сепак, додаде Рокас, потребни се заедничка политичка волја и многу работа за да се постигнат поставените цели.

-Јас сум речиси две години овде и гледам дека постои простор за дискусии, па и за политички несогласувања по многу прашања. Но, кога станува збор за овие клучни реформи, многу е важно, секако и со наша поддршка, да се постигне широк политички консензус – истакна евроамбасадорот и додаде дека тоа особено се однесува на Изборниот законик и Кривичниот законик.

Во однос на идната повеќегодишна финансиска рамка на ЕУ, Рокас рече дека во моментов е рано да се зборува за конкретните распределби на средствата. Посочи дека се работи на постигнување договор до крајот на годината и дека Унијата ќе располага со флексибилни финансиски инструменти, при што ќе се настојува ниту една земја да не остане без соодветна поддршка. Воедно најави дека досегашните инструменти, како ИПА-фондовите во нивната сегашна форма, ќе бидат заменети со нови механизми за финансиска поддршка.

На крајот од своето обраќање, Рокас порача дека ЕУ ќе продолжи интензивно да работи со земјава за да биде подготвена да ги започне пристапните преговори. Тој нагласи дека за напредокот ќе бидат неопходни политички консензус, континуирани реформи и целосна посветеност на владеењето на правото како темелни европски вредности.

Tags: владеење на правоЕУинтеграцијаРокас
SummarizeShare234

Related Stories

Истрага за тероризам и трговија со оружје против три лица, обвинителството бара притвор

Администрирал нелегален пазар за украдени податоци, во телефонот му нашле 29 видеа со деца – Обвинителство бара притвор за 20-годишникот од Голема Речица

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Основното јавно обвинителство Тетово побара притвор за 20-годишникот од селото Голема Речица, кај кого при претрес биле пронајдени 29 видеа со експлицитна содржина во која се прикажани полови...

По 14 години, можно рестартирање на рафинеријата ОКТА

По 14 години, можно рестартирање на рафинеријата ОКТА

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Не се очекува недостиг на дизел гориво во земјава до крајот на годинава, а според информациите што ги добил од трговците со нафтени деривати, не се предвидуваат проблеми...

34.000 евра месечно за улично осветлување, сметки за 37 неактивни телефони и запуштен парк – што открија ревизорите во Кичево

34.000 евра месечно за улично осветлување, сметки за 37 неактивни телефони и запуштен парк – што открија ревизорите во Кичево

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Општина Кичево во следните 15 години треба да му исплаќа на приватен партнер околу 34.000 евра месечно за модернизација и одржување на јавното осветлување. Во исто време, општината...

Од март 2027 година директни летови меѓу Скопје и Дубаи трипати неделно

Од март 2027 година директни летови меѓу Скопје и Дубаи трипати неделно

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Од март 2027 година се очекува да започнат директни летови на релацијата Скопје–Дубаи, трипати неделно, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со...

Next Post
Од март 2027 година директни летови меѓу Скопје и Дубаи трипати неделно

Од март 2027 година директни летови меѓу Скопје и Дубаи трипати неделно

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.