AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Второ судско рочиште за „Државна лотарија“ – обвинетиот Артан Груби не чувствува вина

Артан Груби

Второ судско рочиште за „Државна лотарија“ – обвинетиот Артан Груби не чувствува вина

admin by admin
September 7, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судскиот процес за случајот „Државна лотарија“, во кој обвинети се повеќе поранешни функционери и членови на органите на управување на АД „Државна лотарија“, меѓу кои и поранешниот прв заменик-претседател на Владата, Артан Груби.

На второто рочиште, одржано денеска, Груби, кој во судот беше спроведен од куќен притвор, пред судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски изјави дека не се чувствува виновен за делата што му се ставаат на товар. При утврдувањето на личните податоци во судницата, Груби се изјаснил дека е невработен, но дека поседува имот на свое име. Во текот на постапката тој навел дека ќе го користи само македонскиот јазик.

За невини се изјаснија и поранешниот генерален секретар на Владата, Методија Димовски, како и членовите на Надзорниот одбор кои се опфатени со обвинението.

Првообвинетиот Перпарим Бајрами, поранешен генерален директор на АД „Државна лотарија“, и понатаму е недостапен за органите на прогонот и се наоѓа во бегство. Поради тоа, судот го прифати предлогот на Јавното обвинителство постапката против него да се води во отсуство. Неговата одбрана ја застапува адвокатот Еленко Миланов, кој бил ангажиран од неговата сестра Вјолца Бајрами.

Рочиштето беше одложено откако обвинетиот Башким Авди во последен момент побара обвинението и доказниот материјал да му бидат доставени на албански јазик. Главната расправа е презакажана за во петок.

Јавниот обвинител Александар Давчевски ваквото барање го оцени како обид за злоупотреба на процесните права, со образложение дека Авди претходно ги добивал судските поуки преку преведувач.

Обвинителството ја зголеми пресметаната финансиска штета

Јавните обвинители Даниел Коцев и Александар Давчевски од Основното јавно обвинителство Скопје пред судот го презентираа обвинителниот предлог, според кој обвинетите во периодот од 2023 и 2024 година се товарат за злоупотреба на службената положба и овластувањето.

Со дополнителното прецизирање на обвинението, кое следело по извршените финансиски вештачења, износот на наводната штета е зголемен. Од првично утврдените околу 8,2 милиони евра, односно 507.632.173 денари, штетата сега е проценета на околу 9,7 милиони евра, односно 596.125.511 денари.

Според Обвинителството, обвинетите незаконски овозможиле набавка на коцкарски машини и видеолотариски терминали, како и самостојно приредување електронски игри на среќа, иако законското право за тоа веќе било доделено на компанијата Казинос Австрија.

Во однос на Артан Груби, обвинението го става во фокус неговото претседавање со владина седница на која била донесена спорната одлука поврзана со работењето на Државна лотарија.

Покрај Груби и Бајрами, со обвинителниот акт се опфатени и поранешниот претседател на Надзорниот одбор Скендер Мехмети, како и членовите Бојан Јанев, Фатмир Рамадановски, Александар Димитриоски и Башким Авдији.

Обвинителството најави дека во постапката ќе презентира 231 материјален доказ, финансиски вештачења и ќе сослуша седум сведоци.

Целта на обвинителството е преку доказната постапка да покаже дека обвинетите преземале заеднички и координирани дејствија со кои, според обвинението, свесно ја оштетиле државната институција.

Од друга страна, адвокатот кој ја застапува Државна лотарија како оштетено правно лице пред судот посочи дека друштвото има побарувања. Сепак, дополнително ќе биде одлучено дали тие побарувања ќе се бараат во рамки на оваа кривична постапка или преку посебна граѓанска парница.

Случајот предизвикува значително внимание во јавноста, особено поради политичкиот профил на дел од обвинетите и фактот што меѓу нив е и поранешниот вицепремиер Артан Груби.

Предметот го води судијката Билјана Шуплиновска-Јовевски, а постапката се води по скратена постапка. Одбраната на обвинетите ја застапуваат повеќе адвокати, меѓу кои и Асмир Алиспаиќ.

Tags: Артан ГрубиВЛТ апаратиДржавна лотаријаПерпарим Бајрами
SummarizeShare234

Related Stories

Народна банка: Одлуката за Алта банка во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на банката во Битола

Народна банка: Одлуката за Алта банка во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на банката во Битола

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, порачува Народната банка, посочувајќи дека одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Белград...

Алта банка Битола: Работиме непречено, средствата на клиентите се достапни

Алта банка Битола: Работиме непречено, средствата на клиентите се достапни

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

АЛТА банка АД Битола соопшти дека е ликвидна, работи редовно и ги исполнува обврските кон клиентите, по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата...

СДСМ бара домашното обвинителство да отвори истрага за унгарскиот кредит

По одземената дозвола во Србија, СДСМ бара истрага и одговорност за Алта банка во Македонија

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

Откако Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка и објави дека банката влегува во стечај, од опозицискиот СДСМ побараа истрага за работењето на...

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера во Токио

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера во Токио

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

Новиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“, на 30 октомври ја имаше својата светска премиера во натпреварувачката програма на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио. „На...

Next Post
Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка

Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.