AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Епидемија во Гостивар: Здравствена криза и сомнежи за водоводниот систем

Блупринт група: Системски пропусти и институционална одговорност за загадувањето на водата во Гостивар

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
July 22, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Блупринт групата за реформи во правосудството остро реагира за случувањата околу загадувањето на водата за пиење во Гостивар, која резултираше со забрана за користење на водата од градскиот водовод, прогласување на епидемија, а на 21ви јули Владата прогласи кризна состојба.

Од Блупринт групата велат дека овој случај не претставува само изолиран инцидент, туку сериозен индикатор за можни системски слабости. Начинот на кој институциите постапувале, односно евентуално не постапувале, отвора сериозни прашања за институционалната одговорност и за тоа дали биле исполнети законските обврски за заштита на здравјето на граѓаните, што треба да биде предмет на темелна и независна истрага.

„Неопходно е да се утврди дали надлежните органи имале или требало да имаат сознанија за потенцијалното загадување и за ризиците по здравјето на населението, но не презеле соодветни и навремени активности за нивно спречување или ограничување. Доколку се утврди такво непостапување, тоа не може да се третира како обичен пропуст, туку како сериозно нарушување на обврската на институциите да постапуваат со должно внимание, согласно принципите на законитост, одговорност и заштита на јавниот интерес. Во таа насока, неопходно е Основното јавно обвинителство да спроведе брза, темелна и ефикасна истрага, со целосно утврдување на кривичната и евентуалната институционална одговорност на сите лица кои придонеле за загрозување на здравјето на граѓаните. Истрагата не смее да се ограничи само на утврдување кој ја поставил незаконската инсталација, туку мора да ги опфати и сите околности поврзани со функционирањето на системот за мониторинг, инспекцискиот надзор, лабораториските анализи, начинот на земање примероци и евентуалната одговорност на службените лица кои биле задолжени за контрола на квалитетот на водата“, се наведува во соопштението на Блупринт групата.

Епидемија во Гостивар: Здравствена криза и сомнежи за водоводниот систем

Таа напоменува дека особено сериозни прашања се отвораат и во однос на функционирањето на системот за контрола на квалитетот на водата за пиење. Според достапните информации во медиумите[1], се добива впечаток дека надлежните институции затаиле во исполнувањето на законските обврски и со тоа дозволиле епидемијата и понатаму да се шири без да водат сметка за последиците кои можат да произлезат по здравјето на граѓаните на Гостивар.

„Ниту Владата ниту надлежните здравствени институции досега не обезбедија јасни и целосни информации за времетраењето на ограничувањата за користење на водата, критериумите за нивно укинување и временската рамка за нормализирање на состојбата. Во услови на директен ризик по јавното здравје, граѓаните имаат право навремено да знаат не само што се случило, туку и кои мерки се преземаат, кои ризици постојат и што можат да очекуваат во наредниот период. Очекуваме надлежните институции навремено и целосно да ја информираат јавноста за сите релевантни факти како и надлежните здравствени институции да излезат со јасни препораки и насоки како граѓаните да постапуваат во услови на прогласена епидемија и кризна состојба. Овој случај мора да резултира со јасно утврдена одговорност и конкретни системски мерки за спречување на вакви ситуации во иднина, бидејќи во спротивно ќе претставува уште еден пример за ненавремено преземање на дејствија од страна на институциите  на  штета на јавното здравје и довербата во владеењето на правото“, пишува во соопштението.

Tags: Блупринт групаводаГостиваркризна состојба
SummarizeShare234

Related Stories

Истрага за тероризам и трговија со оружје против три лица, обвинителството бара притвор

Администрирал нелегален пазар за украдени податоци, во телефонот му нашле 29 видеа со деца – Обвинителство бара притвор за 20-годишникот од Голема Речица

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Основното јавно обвинителство Тетово побара притвор за 20-годишникот од селото Голема Речица, кај кого при претрес биле пронајдени 29 видеа со експлицитна содржина во која се прикажани полови...

По 14 години, можно рестартирање на рафинеријата ОКТА

По 14 години, можно рестартирање на рафинеријата ОКТА

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Не се очекува недостиг на дизел гориво во земјава до крајот на годинава, а според информациите што ги добил од трговците со нафтени деривати, не се предвидуваат проблеми...

34.000 евра месечно за улично осветлување, сметки за 37 неактивни телефони и запуштен парк – што открија ревизорите во Кичево

34.000 евра месечно за улично осветлување, сметки за 37 неактивни телефони и запуштен парк – што открија ревизорите во Кичево

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Општина Кичево во следните 15 години треба да му исплаќа на приватен партнер околу 34.000 евра месечно за модернизација и одржување на јавното осветлување. Во исто време, општината...

Од март 2027 година директни летови меѓу Скопје и Дубаи трипати неделно

Од март 2027 година директни летови меѓу Скопје и Дубаи трипати неделно

by ДЕСК коректив.мк
October 15, 2026
0

Од март 2027 година се очекува да започнат директни летови на релацијата Скопје–Дубаи, трипати неделно, соопшти министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски по средбата со...

Next Post
Од март 2027 година директни летови меѓу Скопје и Дубаи трипати неделно

Од март 2027 година директни летови меѓу Скопје и Дубаи трипати неделно

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 12, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Дигитална држава или електронска бирократија?

September 28, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

Многу универзитети, многу дипломи, малку знаење

September 7, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.