AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Скопје блесна во ритамот на Гета: „The Monolith“ го претвори Денот на независноста во музички спектакл

Антикорупциска отвори предмет само за судир на интереси на музичарот Мицевски, не и за спонзорството од Лотарија за прославата

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 15, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) не отворила предмет за целосното финансирање на прославата на 35-години независност на Македонија од страна на Државна лотарија, туку појаснува дека отворениот предмет по допрен глас е само за евентуален судир на интереси на Николче Мицевски, членот од комисијата што ја одобри програмата а потоа се најде како учесник во неа, во рамките на настапот на Хозе Карерас.

Претседателот на ДКСК Адем Чучуљ во изјава за „Слободен печат“ вели дека Антикорупциска ги разгледува и останатите аспекти на прославата, но за нив нема отворено предмет.

ДКСК всушност предметот го отвора по написот на „Слободен печат“ со наслов „Ем изведувач, ем претседател на Комисијата за избор на фирма за прославата: Има ли судир на интереси Николче Мицевски?“.

Во текстот медиумот пишува дека Николче Мицевски, бил претседател на надворешната комисија која го извршила изборот на единствената пристигната понуда за прославата на независноста од компанијата „Стардаст“. Повикот траеше до петок, а три дена подоцна веќе беше објавено дека централниот изведувач кој ќе има свој настап на 8 Септември, е Дејвид Гета.

Во истражувањето на „Слободен печат“ се открива потенцијален судир на интереси кај композиторот Николче Мицевски, кој истовремено бил претседател на комисијата која ја избрала фирмата за организација на прославата за независност и директен учесник/изведувач во истата програма.
Мицевски се јавува како претседател на тричлената комисија која ја оценила и одобрила понудата на фирмата „Стардаст“ за организација на прославата. Истовремено, тој е автор на оркестрациите и аранжманите за концертот на светски познатиот тенор Хосе Карерас, кој беше дел од таа програма.

Во изјава за медиумот, Мицевски тврди дека комисијата само ја проверувала веродостојноста на документите и дека понудата за негов ангажман дошла подоцна, односно во моментот на одлучување не знаел дека ќе биде дел од програмата.

Прославата за независноста растргната помеѓу отчет и сомнежи за проневера на пари

Опозициската партија СДСМ неколку пати досега побараа итна истрага за трошењето на народните пари. Според СДСМ, јавниот повик за организација на настаните траел само пет работни дена и завршил на 8 мај, а само три дена подоцна бил најавен настапот на светски познатиот диџеј Дејвид Гета, што укажува на можност условите да биле однапред приспособени за конкретен организатор. Исто така, се бара одговорност за исплатите кон фирмата „Стардаст“ и „Авалон продукција“, како и проверка на приходите од продадените билети во износ од приближно 1,75 милиони денари и платениот данок.

Од владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ овие обвинувања ги отфрлија како политички интриги, нагласувајќи дека компанијата ќе продължи да ги поддржува македонските културни работници.

Tags: Државна лотаријаистрагапарисдсмспонзорство
SummarizeShare234

Related Stories

Искра Хаџи Василева избрана за нова шефица на Обвинителството за организиран криминал

Хаџи Василева: Нема да има простор за притисоци, обвинителите мора да се водат од доказите

by ДЕСК коректив.мк
November 3, 2026
0

Обвинителите треба да постават јасна граница кон сите обиди за влијание врз нивната работа и да носат одлуки врз основа на закон, факти и докази, вели новоизбраната шефица...

По повеќе од една година во бегство, се предаде Перпарим Бајрами – спроведен е во затворот во „Шутка“

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,14 милиони евра

by ДЕСК коректив.мк
November 3, 2026
0

Поранешниот директор на Државна лотарија, Перпарим Бајрами, ќе биде ослободен од притвор откако Кривичниот совет на Основниот кривичен суд Скопје ја прифати понудената гаранција од 1.140.781 евра во...

Апелација го ослободи Боки 13 во случајот „Меѓународен сојуз“

Апелација го ослободи Боки 13 во случајот „Меѓународен сојуз“

by ДЕСК коректив.мк
November 3, 2026
0

Апелациониот суд во Скопје донел ослободителна пресуда за Бојан Јовановски, познат како Боки 13, во предметот „Меѓународен сојуз“. Ова го соопшти адвокатот Сашо Дуковски, кој го застапуваше Јовановски...

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ

СДСМ поднесе интерпелација за Стоилковиќ

by ДЕСК коректив.мк
November 3, 2026
0

СДСМ поднесе интерпелација за министерот за локална самоуправа Иван Стоилковиќ, барајќи од него политичка одговорност поради, како што наведуваат, недолично однесување во Собранието, промовирање спротивни геополитички агенди и...

Next Post
Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

Кого штити Народната банка?

Кого штити Народната банка?

November 3, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.