Џенсен Хуанг, основачот кој ја доведе „Енвидија“ до тоа да стане една од највредните компании во светот, поднесе оставка од функцијата извршен директор по 33 години на чело на компанијата. Одлуката доаѓа по скандалот со две наводни вонбрачни афери, од кои едната е поврзана со жена за која американските власти се сомневаат дека има врски со кинеските разузнавачки служби.
Како што објави „Ројтерс“, финансиската директорка на компанијата, Колет Крес, привремено ќе ја преземе функцијата извршна директорка, додека Одборот не избере трајно решение. За нов претседател на Одборот е именуван Харви Џонс, долгогодишен член на управувачката структура на компанијата.
Случајот се најде во центарот на вниманието откако Хуанг им се извини на сопругата, семејството и вработените, признавајќи дека бил неверен. Американските медиуми претходно објавија дека една од жените со кои наводно имал врска е Алис Хуанг, бизнисменка поврзана со сингапурската компанија „Мегаспид“, за која постојат сомневања дека била вклучена во активности поврзани со кинеското разузнавање.
Трамп потврди дека ФБИ го испитува случајот со директорот на „Нвидиа“, Хуанг призна дека имал афера
Дополнителен притисок врз директорот создаде и извештајот на „Њујорк тајмс“ за негова наводна врска со Кимберли Пауел, една од раководителките во „Енвидија“ која директно му одговарала. Овие информации отворија прашања за можен судир на интереси и корпоративното управување во компанијата.
Одборот на „Енвидија“ на 8 ноември соопшти дека започнал независна истрага за наводите дека Хуанг можеби бил цел на странска разузнавачка операција. Компанијата тогаш нагласи дека засега нема индиции дека биле компромитирани американската национална безбедност или деловните тајни на „Енвидија“.
Заминувањето на Хуанг се случува во период на сериозни турбуленции за технолошкиот гигант. Акциите на компанијата забележаа значителен пад по објавувањето на информациите за скандалот, а според медиумските извештаи, пазарната вредност на „Енвидија“ се намали за стотици милијарди долари.
Хуанг ја основа „Енвидија“ во 1993 година и во изминатите 33 години ја претвори од производител на графички процесори во една од највлијателните компании во светот на вештачката интелигенција. Нејзините чипови се клучни за развојот и работењето на центрите за податоци на најголемите технолошки компании.
Неговото заминување отвора ново поглавје за компанијата, која сега ќе треба да го одржи лидерството на пазарот за чипови за вештачка интелигенција без човекот кој ја водеше од нејзиното основање.









