Дел од поканетите сведоци за утрешната втора надзорна расправа за случајот со Алта банка по вторпат се на службен пат токму во периодот кога треба да се одржи седницата, информираше пратеничката од СДСМ, Сања Лукаревска.
Таа посочи дека ниту едно од лицата на списокот на поканети сведоци досега не го потврдило своето присуство, поради што на утрешната расправа се очекува да присуствуваат само дел од претставниците на институциите.
Покрај институционалните претставници, поканети се и членови на менаџерскиот тим, Управниот и Надзорниот одбор на Алта банка.
Лукаревска нагласи дека утрешната седница нема да биде последна, бидејќи нема да бидат сослушани сите сведоци предложени од политичките партии.
„Бидејќи ние сме и самите иницијатори на оваа надзорна расправа, ќе очекуваме да има заклучоци. Меѓутоа, утрешниот ден не значи дека ќе заврши надзорната расправа, затоа што нема да ги исцрпиме и сите сведоци коишто ги дадоа политичките партии“, рече Лукаревска.
Таа додаде дека расправата ќе продолжи сè додека не бидат сослушани сите предложени сведоци.
Кој дозволи влез на „Алта банка“ – власта и опозицијата си ја префрлаат одговорноста









