Малопродажните цени на горивата од ноќеска на полноќ се намалуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад.
Цената на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 се намалува за два денари за литар, па тие ќе се продаваат по 82, односно 84 денари.
Дизелот поевтинува за 3,5 денари и новата цена ќе изнесува 88,5 денари за литар.
Намалување има и кај екстра лесното масло за домаќинство, чија цена се намалува за 2,5 денари и ќе изнесува 98 денари за литар.
Цената на мазутот се намалува за 0,204 денари за килограм и ќе изнесува 48,110 денари.









