Францускиот административен суд денес донесе итна одлука, со која се суспендира полициската наредба за забрана на денешните демонстрации во Париз, организирани од коалиција студенти собрани на универзитетските собири.
По итна постапка, судијата објави дека „полициската наредба е укината“, но не ја објасни причината за укинувањето на забраната, објавува Франс 24.
Кратко потоа, започна студентски протест пред универзитетската болница „Питје-Салпетриер“, во 13-от арондисман во Париз.
Министерот за правда, Жералд Дармеман, во меѓувреме, објави дека судовите осудиле 217 лица на затвор во забрзана постапка за нивното учество во немирите минатиот викенд.
Зборувајќи пред затворот Флери-Мерожи, на периферијата на Париз, Дарманин рече дека од саботата се приведени 2.700 лица, од кои повеќе од 1.000 веќе се изведени пред суд.
Дарманин им рече на новинарите дека „половина од 217-те лица кои завршиле во затвор немаат криминално досие“, додавајќи дека „тие биле главно мажи на возраст меѓу 18 и 25 години“.








