AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Мицкоски: Премалку сме за да се делиме, сакаме во ЕУ – но за идентитетот, јазикот и културата нема компромис

Мицкоски: Премалку сме за да се делиме, сакаме во ЕУ – но за идентитетот, јазикот и културата нема компромис

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 8, 2026
in Актуелно
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Премиерот Христијан Мицкоски на централната свеченост по повод 35 години независност упати порака за обединување, но истовремено остро ја критикуваше опозицијата и говореше за евроинтеграциите и за прашањата поврзани со македонскиот идентитет.

„За сите има место и почит под ова небо и знаме. И не постои ваша или наша татковина, ваш и наш премиер, ваша и наша влада, ваша и наша историја. Има само една татковина, еден сон, една борба, една идеја. Само една и единствена Македонија. И премалку сме да се делиме“, порача Мицкоски.

Во говорот тој нагласи дека политичките разлики не треба да бидат пречка кога станува збор за државните интереси.

„Нема да барам од оние кои не се согласуваат со мене да почнат да мислат како мене. Но кога станува збор за државата, ќе барам од сите нас да најдеме сила да застанеме еден до друг“, рече премиерот.

Мицкоски порача дека во следните 35 години државата треба да има поголеми амбиции од самото преживување.

„Нашата национална амбиција во следните триесет и пет години не смее да биде само да опстоиме. Мора да успееме“, истакна тој.

Според него, потребно е земјата да создава знаење, да гради институции кои нема да зависат од волјата на поединци и да ги задржи младите во државата.

„Народот што со векови научил како да преживува сега мора да научи како да победува во мир“, порача Мицкоски, додавајќи дека Македонија треба „од мала држава да создаде место со големи можности“.

Во делот од говорот посветен на опозицијата, премиерот повторно употреби остар речник.

„Ако државата го наградува талогот, тогаш талогот неизбежно ќе стане елита. А држава во која талогот станува елита е држава од која вистинската елита си заминува. Токму тоа мора да го смениме“, рече Мицкоски.

Тој се осврна и на европската перспектива на земјата, нагласувајќи дека членството во Европската Унија останува стратешка цел.

„Посакувам и работам да сме генерацијата која ќе ја внесе државата во Европската Унија. Нема подобра алтернатива за државата“, порача премиерот.

Сепак, според Мицкоски, пред продолжувањето на европскиот пат потребно е да се воспостави доверба.

„Пред нас има уште еден последен предизвик, не за да го завршиме патот, туку за да го почнеме. Но за тоа најпрво треба да создадеме доверба“, рече тој.

Во тој контекст, Мицкоски ги посочи и прашањата за кои, како што нагласи, не прифаќа компромиси.

„Има прашања за кои нема компромиси и договори под маса. Нема играње со она што значи нашиот идентитет, нашето постоење, нашиот јазик и култура“, истакна тој.

„Компромисот за овие прашања значи рушење на македонскиот АСНОМ и Илинден“, додаде премиерот.

Мицкоски порача дека довербата и дијалогот мора да се градат врз факти, посочувајќи ги, меѓу другото, пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во однос на македонската заедница во Бугарија, прашањето за употребата на македонскиот јазик и историските факти поврзани со македонскиот народ.

„Додека не ги прифатиме овие факти нема доверба, а кога нема доверба нема дијалог. Затоа, најпрвин да создадеме доверба, а потоа да водиме дијалог. Дијалог без доверба не води никаде, туку кон нови проблеми и нови порази“, порача Мицкоски.

На крајот од пораката тој повика на градење држава во која различностите нема да бидат причина за поделби, туку основа за заедничка иднина.

„Држава на сите луѓе не треба да биде само политички концепт. Треба да биде наш општествен договор“, рече Мицкоски, со порака дека земјата треба да им остави на идните генерации „не стари омрази, туку нови можности“.

 

Tags: ЕУидентитетјазиккултурамицкоскинезависностопозиција
SummarizeShare234

Related Stories

Народна банка: Одлуката за Алта банка во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на банката во Битола

Народна банка: Одлуката за Алта банка во Србија не значи автоматско одземање на дозволата на банката во Битола

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

Банкарскиот систем е стабилен и отпорен, порачува Народната банка, посочувајќи дека одлуката на Народната банка на Србија за одземање на дозволата за работа на Алта банка АД Белград...

Алта банка Битола: Работиме непречено, средствата на клиентите се достапни

Алта банка Битола: Работиме непречено, средствата на клиентите се достапни

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

АЛТА банка АД Битола соопшти дека е ликвидна, работи редовно и ги исполнува обврските кон клиентите, по одлуката на Народната банка на Србија да ѝ ја одземе дозволата...

СДСМ бара домашното обвинителство да отвори истрага за унгарскиот кредит

По одземената дозвола во Србија, СДСМ бара истрага и одговорност за Алта банка во Македонија

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

Откако Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка и објави дека банката влегува во стечај, од опозицискиот СДСМ побараа истрага за работењето на...

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера во Токио

„Сестра, брат и шахта“ на Милчо Манчевски имаше светска премиера во Токио

by ДЕСК коректив.мк
October 31, 2026
0

Новиот филм на Милчо Манчевски, „Сестра, брат и шахта“, на 30 октомври ја имаше својата светска премиера во натпреварувачката програма на 39. Меѓународен филмски фестивал во Токио. „На...

Next Post
Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка

Народната банка на Србија ја одзеде дозволата за работа на Алта банка

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.