AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Путин најави можен крај на војната и примирје со Украина 

Путин најави можен крај на војната и примирје со Украина 

ДЕСК коректив.мк by ДЕСК коректив.мк
September 4, 2026
in Свет
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

Рускиот претседател Владимир Путин денеска оцени дека постои „шанса“ за „мир“ со Украина, но повтори дека предупредувањата на Киев до авиокомпаниите да го избегнуваат рускиот воздушен простор претставуваат „државен тероризам“, објави „Си-ен-би-си“.

На крајот… проблемот мора да го решат земјите вклучени во конфликтот – Русија и Украина. Дали постои шанса (за мир)? Според мене, да, постои“, рече тој на Источниот економски форум во Владивосток, град на рускиот Далечен Исток.

Неговите изјави доаѓаат во време кога напорите за прекин на војната во Украина, која трае повеќе од четири години, се во застој, додека Киев и Москва остануваат поделени околу територијалните прашања, безбедносните гаранции и воената ориентација на Украина.

Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха денеска, во изјава што ја пренесе Ројтерс, рече дека очекува „нова динамика во мировните напори, со враќањето на активната фаза на политичкиот и дипломатскиот ангажман во многу престолнини низ светот“.

Досегашните напори на САД и на европските земји да ги доближат двете страни до договор не доведоа до решение. Тоа не се промени ниту по минатонеделната посета на директорот на ЦИА, Џон Ретклиф, на Москва, каде што, според медиумските извештаи, ја предупредил Русија да не презема чекори кон натамошна ескалација.

Меѓу позначајните интервенции на странски лидери беше и онаа на индискиот премиер Нарендра Моди, кој минатата недела го повика Путин да се откаже од „бескрајната војна“ и да се насочи кон постигнување мир со Украина.

Слична порака испрати и портпарол на кинеското Министерство за надворешни работи, кој во средата во Пекинг изјави дека „дијалогот и преговорите се единственото одржливо решение за украинската криза“. Изјавата следува откако украинскиот претседател Володимир Зеленски минатата недела го повика Пекинг да одигра „силна дипломатска улога“ во напорите за завршување на војната.

SummarizeShare234

Related Stories

(ВИДЕО) Најмалку 39 загинати во тешка железничка несреќа во Шпанија, десетици повредени

(ВИДЕО) Најмалку 39 загинати во тешка железничка несреќа во Шпанија, десетици повредени

by ДЕСК коректив.мк
October 28, 2026
0

Најмалку 39 лица загинаа, а бројот на жртвите може да се зголеми по судирот на два брзи патнички воза во шпанската покраина Толедо. Несреќата се случила утрово во...

Израелците гласаат: што со иднината на Нетанјаху?

Неизвесна битка за власта во Израел: Нетанјаху води во пребројувањето, но е далеку од мнозинство

by ДЕСК коректив.мк
October 28, 2026
0

Парламентарните избори во Израел се одвиваат во услови на тесна политичка трка, а формирањето на новата влада останува неизвесно. Првичните излезни анкети покажаа речиси изедначен резултат меѓу блокот...

Србија го крена нивото на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

Србија го крена нивото на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

by ДЕСК коректив.мк
October 28, 2026
0

Србија прогласи највисоко ниво на безбедносна закана од тероризам по нападот пред Амбасадата на Израел во Белград, во кој беше ранет припадник на српската жандармерија. Напаѓачот беше застрелан...

Сајбер напад врз италијанскиот парламент, мета бил и мејлот на премиерката Мелони

Сајбер напад врз италијанскиот парламент, мета бил и мејлот на премиерката Мелони

by ДЕСК коректив.мк
October 27, 2026
0

ИТ-системите на Долниот дом на италијанскиот парламент биле цел на сајбер напад во изминатите денови, а меѓу таргетираните адреси била и парламентарната е-пошта на премиерката Џорџа Мелони, потврдил...

Next Post
Петмина обвинители во трка за раководната функција во Обвинителството за организиран криминал

Петмина обвинители во трка за раководната функција во Обвинителството за организиран криминал

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

PHP2Shell и ПИОМ: што значи кога податоците на граѓаните се изложени на ризик?

October 27, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026

Не пропуштајте

ВИДЕО| Жени го обвинуваат советникот на Груевски – Сем Вакнин дека е сексуален предатор и лажен психотерапевт

September 14, 2026
„Парадоксот на Диоген“, 65 години подоцна

Чекај да видам што ќе каже Чат Џипити?!

October 26, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by CookieAdmin
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by CookieAdmin
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.