AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Три децении од беровската трагедија на народниот ручек во манастирот Св. Богородица

Насловна страница на книгата Плачеше цела Малешевија

Три децении од беровската трагедија на народниот ручек во манастирот Св. Богородица

Петар Клинчарски by Петар Клинчарски
August 28, 2026
in Приказна
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

На денешен ден се навршуваат точно 30 години од најголемата трагедија која датира од 1996 година, a се случи во дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“ во Берово, кога гром усмрти девет, а повреди 50-тина верници.

Три децении подоцна, трагедијата сè уште живее во сеќавањата на беровчани. За оние кои тој ден го преживеале, но и за семејствата на загинатите, 28 август не е само датум во календарот, туку ден кој оставил длабока трага во историјата на Малешевијата.

Извадоци од книгата Плачеше цела Малешевија, издадена во 1997 година

Само една година по несреќата, новинарите Љубинка Клинчарска од Берово и Васил Маневски од Делчево направија целосна фактографија на настанот, објавена во книгата „Плачеше цела Малешевија“.

„Се случи општа паника. Пискотници се слушаа од сите страни, на повредените им се даваше вештачко дишење, деца плачеа не можејќи да ги најдат родителите, луѓето бегаа да се спасат. Здравствениот дом во Берово брзо реагираше на терен, но полицијата не можеше да држи контрола“, се сеќаваат Клинчарска и Маневски.

На речиси 200 страници, со многу фотографии, сведоштва, биографии за починатите, црковни и научни мислења, новинарите ги реконструираат сите околности под кои се случи една од најголемите трагедии во поновата историја на Берово.

Извадоци од книгата Плачеше цела Малешевија, издадена во 1997 година

Силата на настанот и тежината на денот ја покажува и сведоштвото на новинарите кои во книгата го опишуваат известувањето од Берово како најтешкиот ден во нивната новинарска кариера – ден кога професионалната обврска се соочила со човечката трагедија и болката на цел еден град.

„Беше тоа шок за Малешевијата. И самите, не како новинари, туку како учесници и очевидци го доживеавме тие трагични моменти, кога радоста и славјето се претворија во бол и смрт, кога започна натчовечка борба за спасување на зафатените од громот. Но, започна и нашата послобична борма со времето. Да се соберат релеватни податоци за севкупните размери од несреќата. Заменикт на главниот уредник некако успеа да ни порача дека за нашиот извештај за настанот е резервирана цела страница. Кога по големиот труд и напор извештајот беше готов, пред нас се испречи нова тешкотија. Телефоните не работеа. Поради преголемиот број повици (околу 20.000) и дотраената беровска телефонска централа беше блокирана, телефонскиот сообраќај прекинат, ПТТ системот распаднат. Бевме во прединфарктна состојба, но, мораше да се издржи. Благодарејќи на струќноста, снаодливоста и стручноста на искусниот ПТТ работник Ѕвонко Фурнаџиски, кој нешто пред почноќ го земавме од дома, нашиот текст конечно стигна до дежурните уредници во „Нова Македонија“. Наместо пауза и одмор, следните денови следуваа нови професионални обврски. Награди и премии не добивме. Не ги ни очекуваме. Најдобра награда за нас се признанијата од читателите“, напишаа Клинчарска и Маневски во книгата.

Извадоци од книгата Плачеше цела Малешевија, издадена во 1997 година

Во малешевскиот крај со години се дебатира за причините за несреќата . Во годините по трагедијата се појавија и различни верувања и толкувања за тоа што довело до несреќата. Едно од нив, забележано и во книгата „Плачеше цела Малешевија“, се однесува на самиот празник и начинот на неговото одбележување.

Според ова верување, празникот во минатото се одбележувал како посен, но во 1996 година бил преместен на мрсен ден. Во народното толкување, токму ова поместување било поврзувано со трагичниот настан. Во голема мера, соговорниците во книгата се на ставот дека ваквото одбележување е крајно непочитување на каноните и претставува комерцијализација на празникот.

Извадоци од книгата Плачеше цела Машешевија, објавена во 1997 година, една година по трагедијата во Берово

Трагедијата во манастирскиот двор останува запишана во колективната меморија на Берово како спомен на деветте животи згаснати за само неколку моменти и на десетиците верници кои тој ден беа повредени.

Tags: Беровогромзагинатиманастирнароден ручек
SummarizeShare237

Related Stories

Приказната зад целосното име на Ламин Јамал

Приказната зад целосното име на Ламин Јамал

by ДЕСК коректив.мк
July 22, 2026
0

Милиони луѓе низ целиот свет го гледаа Ламин Јамал и Шпанија како играа против Аргентина во финалето на Светското првенство во неделата. Меѓу тие може да има две...

Галичка свадба – Александар и Мартина денес ја живеат вековната свадбена традиција

Галичка свадба – Александар и Мартина денес ја живеат вековната свадбена традиција

by ДЕСК коректив.мк
July 12, 2026
0

Годинешното издание на манифестацијата носи посебна тежина поради јубилејот – 35 години од првата современа Галичка свадба одржана во 1991 година. Изборот на младоженецот Александар Пендароски, чии родители се венчале токму на...

Matto Napoletano: Скопска пица со неаполски печат и европско признание

Matto Napoletano: Скопска пица со неаполски печат и европско признание

by ДЕСК коректив.мк
July 7, 2026
0

Мирисот на свежо печена кора, звукот на тивка италијанска мелодија и видливите тули што ги обвиткуваат ѕидовите создаваат инстантен впечаток на автентичност и топлина. Ресторанот работи секој ден...

ВИДЕО: Без сметки за струја и вода – Србинката Јована живее во приколка на брегот на Дунав

ВИДЕО: Без сметки за струја и вода – Србинката Јована живее во приколка на брегот на Дунав

by ДЕСК коректив.мк
July 5, 2026
0

Приказната на Јована е инспиративна како пример за независност, адаптација и редефинирање на концептот на дом, наоѓајќи среќа во едноставноста и слободата блиску до природата. Со текот на...

Next Post
Бура од реакции во јавноста по величењето на Ратко Младиќ

Бура од реакции во јавноста по величењето на Ратко Младиќ

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

Светското првенство е натпреварување на еднакви и повеќе еднакви

Светското првенство е натпреварување на еднакви и повеќе еднакви

July 7, 2026
Има ли излез?

Има ли излез?

July 7, 2026

Не пропуштајте

Три децении од беровската трагедија на народниот ручек во манастирот Св. Богородица

Три децении од беровската трагедија на народниот ручек во манастирот Св. Богородица

August 28, 2026
МВР и АНБ истражуваат 20-тина портали и поединци за ширење говор на омраза за спорот меѓу Македонија и Бугарија

ИМПЕТУС создава централизирана точка за помош при дигитални злоупотреби

July 18, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.