AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника
No Result
View All Result
AI News
No Result
View All Result
Најранливите негодуваат за сѐ почестото доцнење на исплатата на социјална помош

Пари - илустрација

Најранливите негодуваат за сѐ почестото доцнење на исплатата на социјална помош

Петар Клинчарски by Петар Клинчарски
July 8, 2026
in Анализа
Summarize with ChatGPTShare to Facebook

„Нема туѓа нега, не можеме терапијата да ја купиме и контролите да ги обавиме“, „Имаме деца и семејства, тие не прашуваат дали имаме или немаме“, „Ова е иживување на сиромашните“, „Пуштете пари на ранливите категории луѓе трпат за леб“.

Со вакви коментари е бомбардиран последниот пост на Министерството за социјалната политика, демографија и млади од пред една недела во кој министерот Фатмир Лимани вели дека младите се највредниот ресурс на државата и треба заеднички да се создадат повеќе можности за да останат во државата. Во јавните прозивки до министерството да им соопшти кога ќе ги добијат парите, повратен одговор нема.

Коментар на пост на Министерството за социјална политика, демографија и млади

Револтираните граѓани посочуваат дека исплатата на социјалната помош за најранливите порано била секогаш на 5-ти во месецот, но, во последните неколку месеци таа знае да биде исплатена и подоцна, односно дека нема воспоставена пракса и секој месец е различно.

Коментар на пост на Министерството за социјална политика, демографија и млади

Коректив.мк се обрати во контакт центрите на две комерцијални банки од каде ни кажаа дека до 11 часот се уште немаат добиено никакво известување од надлежните дека денеска ќе има исплата на парични надоместоци за социјална помош.

Минатиот месец исплатата беше на 10 јуни. Министерството за социјална политика, демографија и млади информираше дека причина за доцнењето е поради спроведување на ново софтверско решение кое треба да донесе модернизација и унапредување на процесите за обработка и исплата на правата од социјална и детска заштита во центрите за социјална работа.

Но, ако ова беше оправдувањето на министерството за јуни, тогаш овој месец во што е проблемот?
Утринава се обративме до министерството со цел да добие информација зошто и месецов по којзнае кој пат доцни со исплатата на социјалната помош за илјадници корисници и кога граѓаните можат да очекуваат исплата и на што се должи ваквата пракса на постојано одложување и без навремена исплата.

Од Министерството објаснуваат дека со најголема сериозност се пристапува кон ова прашање и интензивно работи за исплатата да биде реализирана во текот на утрешниот ден. Објаснуваат дека по воспоставувањето на новото софтверско решение, продолжуваат активностите за негово целосно усогласување со сите процеси во центрите за социјална работа, со цел да се обезбеди точна, сигурна и непречена обработка на податоците за секој корисник.

„Сакаме да потенцираме дека правата на корисниците не се доведени во прашање. Согласно законската регулатива, не е утврден конкретен законски рок за исплата на овие права. Сепак тековните активности се насочени токму кон тоа новиот систем да овозможи постабилна, поефикасна и понавремена исплата. Ги уверуваме сите корисници дека исплатата ќе биде реализирана веднаш по завршувањето на неопходните финални активности во процесот на усогласување, а јавноста ќе биде навремено информирана веднаш штом ќе биде утврден точниот термин за исплата“, рекоа од министерството.

Tags: ранливи категориисоцијална заштитасоцијална помош
SummarizeShare234

Related Stories

Разорно невреме ја погоди Македонија со големи материјални штети

Разорно невреме ја погоди Македонија со големи материјални штети

by ДЕСК коректив.мк
July 22, 2026
0

Силното невреме со пороен дожд и оркански ветер предизвика огромни материјални штети, прекини во струјата и водата, како и повредени граѓани низ неколку региони во Македонија, при што само...

Епидемија во Гостивар: Здравствена криза и сомнежи за водоводниот систем

Епидемија во Гостивар: Здравствена криза и сомнежи за водоводниот систем

by ДЕСК коректив.мк
July 20, 2026
0

Во Гостивар е прогласена епидемија поради масовно појавување на гастроентероколит, со 250 до 300 нови случаи дневно. Анализите на Институтот за јавно здравје потврдија отстапувања во квалитетот на...

Охридскиот Регион се наоѓа пред историски „црвен картон“ од УНЕСКО

Охридскиот Регион се наоѓа пред историски „црвен картон“ од УНЕСКО

by ДЕСК коректив.мк
July 18, 2026
0

Комитетот за светско наследство на УНЕСКО на претстојната сесија во Бусан ќе одлучува за ставање на Охридскиот Регион на листата во опасност. Оваа мерка, поттикната од долгогодишната неконтролирана...

Форбс: Еколошка катастрофа се заканува благодарение на обновливите извори на енергија

Форбс: Еколошка катастрофа се заканува благодарение на обновливите извори на енергија

by ДЕСК коректив.мк
July 17, 2026
0

Масивниот притисок во овој век за алтернативи на фосилните горива, главно ветерни турбини и соларни панели, е една од најголемите глупости во човечката историја. Цената на овие наводно...

Next Post
Три децении од беровската трагедија на народниот ручек во манастирот Св. Богородица

Три децении од беровската трагедија на народниот ручек во манастирот Св. Богородица

Коректив.мк

Коректив.мк е независен истражувачки медиум кој ја држи новинарската „куче‐чувар“ функција на
властите, институциите и големите интереси. Ние го следиме јавниот живот и ги откриваме
аномалиите, неправилностите и девијациите кои му штетат на општеството, со цел да
придонесеме за поголема транспарентност и одговорност, со почитување на професионалните
новинарски етички стандарди.

Follow us

Став

Светското првенство е натпреварување на еднакви и повеќе еднакви

Светското првенство е натпреварување на еднакви и повеќе еднакви

July 7, 2026
Има ли излез?

Има ли излез?

July 7, 2026

Не пропуштајте

Три децении од беровската трагедија на народниот ручек во манастирот Св. Богородица

Три децении од беровската трагедија на народниот ручек во манастирот Св. Богородица

August 28, 2026
МВР и АНБ истражуваат 20-тина портали и поединци за ширење говор на омраза за спорот меѓу Македонија и Бугарија

ИМПЕТУС создава централизирана точка за помош при дигитални злоупотреби

July 18, 2026
  • За нас
  • Кодекс на новинари
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.

Powered by
►
Necessary cookies enable essential site features like secure log-ins and consent preference adjustments. They do not store personal data.
None
►
Functional cookies support features like content sharing on social media, collecting feedback, and enabling third-party tools.
None
►
Analytical cookies track visitor interactions, providing insights on metrics like visitor count, bounce rate, and traffic sources.
None
►
Advertisement cookies deliver personalized ads based on your previous visits and analyze the effectiveness of ad campaigns.
None
►
Unclassified cookies are cookies that we are in the process of classifying, together with the providers of individual cookies.
None
Powered by
No Result
View All Result
  • Актуелно
  • Анализа
  • Истрага
  • Приказна
  • Свет
  • Хроника

© 2026 коректив.мк. Сите права се задржани.