Четири лица се лишени од слобода под сомнение дека ги извршиле двете разбојништва со смртни последици во скопските населби Хром и Ѓорче Петров, информира Министерството за внатрешни работи.
Станува збор за А.С. (22), Х.Е. (20) и К.А. (58) од Скопје, како и М.Р. (26) од Струмица, кои се сомничат за кривичното дело „разбојништво“ со последица смрт, предвидено во член 237 став 5 од Кривичниот законик.
Според МВР, делата биле извршени на 22 октомври во населбата Хром и на 27 октомври во Ѓорче Петров.
Приведувањата се реализирани вчера, во координација со Основното јавно обвинителство Скопје. За четворицата е побаран краткотраен притвор, со цел да се комплетира доказниот материјал и да се обезбедат услови за понатамошна постапка. По ова, ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Вчера беше објавено дека во дом на улицата „Ѓурчин Кокале“ во Ѓорче Петров била пронајдена почината 76-годишна жена со видливи траги на насилство. Нејзиното тело било предадено на обдукција по наредба на јавен обвинител.
Овој случај се случи само пет дена по смртта на 62-годишен маж, кој на 22 октомври беше пронајден во својот дом во истата скопска општина, исто така со траги на насилство.
За пет дена, два смртни случаи со траги од насилство во Ѓорче Петров







